ТЕТОВСКИ „ЕКОЛОГ“ ГО КУПУВА ЕУРОМАКС??!
Веќе неколку месеци добиваме информации од повеќе различни свиркачи на различни позиции во Македонија кои укажуваат на една иста работа, а тоа е дека фирмата Еколог од Тетово веќе е во финални преговори за презимање на Еуромакс Ресурси од кајманската “швајцарска” фирма Галена на бугарскиот бизнисмен Цоло Вутов.
Некој ќе праша што има тука вредно за купување?
На прв поглед купување на концесии од Еуромакс Ресурси е лудост во нормална бизнис логика особено со страшен пад на цената на нивните акции во континуитет и моменталната вредност е 0.035$ канадски долари по акција. Еуромакс е фирма која секоја година по два пати годишно зема позајмици од фирмата на Цоло Вутов на Кајманските острови поради неликвидност, никогаш не поседувала или оперирала со рудник, задолжена е над 30 милиони долари и поради неможност за отплата постојано ги конвертира во удели спрема ЕБРД и Галена, ангажира различни ПР агенции и пропаднати губитници масони во Македонија за да пропагираат глупости во јавноста, но најважно е што има две концесии од кои едната е одземена, а другата требаше да биде одземена пред повеќе од две години согласно Законот за минерални суровини.
Кој нормален сака да ја купи акции од фирма чија единствена вредност се две концесии при што првата одземена концесија чека на конечна потврдна одлука од Вишиот управен суд и втората концесија што Министерството за економија мистериозно но упорно не ја одзема, иако е законски истечена уште на 13 јануари 2020 година??!
Сепак во една искривена логика нештата може да се сменат во нашата држава и ајде да видиме како би изгледало таквото сценарио.
Пред неколку месеци, првиот заменик премиер Артан Груби објави дека на Еколог од Тетово ќе му исплатат 130 милиони евра помош за да прави електрични автомобили. Можеме да претпоставиме дека играта на Еколог со Еуромакс Ресурси е поврзана со оваа навидум неповрзана вест за државна помош за производство на електрични автомобили. Но ова не би било можно без еден сврзувачки лепак помеѓу сите овие делови. Тој лепак во случајот се вика ДУИ (Демократска унија за интергација) и директно е поврзан со случувањата со Еуромакс.
Директна конекција е ангажманот на поранешен министер за странски инвестиции и директор на агенцијата за промоција Арленд Зекири како овластен адвокат на Еуромакс Ресурси преку австриската адвокатската канцеларија Ленски, Ганзгер и Партнери (LGP) чија локална канцеларија во Скопје ја води токму Арленд Зекири. Но тој е се уште многу тесно поврзан со ДУИ што се гледа од скандалот во општина Тетово. Со смената на Теуата Арифи од ДУИ, новиот градоначалник на Тетово од БЕСА направи ревизија на трошоците и во 2021 излезе документ од општина Тетово во кој стои дека дека Арленд Зекири бил на платен список на општината без никаков ангажман.
Сега веќе полека можете да си замислите зошто и како е можно да има логика Еколог, дури можеби со пари од државата, да го купи Еуромакс Ресурси. Притоа Еколог може да биде сигурен дека тоа дебело ќе му се исплати поради бакарот во рудникот, а златото ќе продолжи да се дистрибуира до Ројал Голд во Швајцарија. Конекциите на поранешниот министер а сега овластен адвокат Арленд Зекири преку ДУИ во судството, владата и парламентот ќе излобира да се повампири одземената концесија, а другата истечена концесија ќе си остане неодземена. Законите никој не ги есапи и тие важат само за обичниот народ.
Во такви околности тетовски Еколог ќе почне да го отвара рудникот на смртта во Струмичко без око да му трепне за сите последици, а на народот ќе му остане да се труе и да се иселува. Да не ги заборавиме и локалните струмички лешинари од кои чекаат провизија за ваквиот бомбона бизнис и очекуваат да бидат дел од колачот со транспорт на рудата во Бугарија. Постои и варијанта во која Еколог може да профитира во случај на арбиртажен суд доколку преку добрите конекции на LGP нашата држава ја бранат диригирани адвокати во договор со сите лешинари на локално и централно ниво.
Но сите многу се излажале во ваквите математики!
Ваков развој на настаните ќе биде детонатор што ќе го активира натрупаниот експолозивен набој низ годините малтретирање на локално и национално ниво. Особено ќе детонира ако некој калкулира со примена на мафијашко насилство зошто заканите што ги примивме пред една година си ги сфативме сериозно.
Предупредуваме тогаш, предупредуваме и сега дека во таква ситуација ќе се случат масовни граѓански судири на Огражден и населените места а потоа ќе се запали и целата југоисточна Македонија. Струмичките лешинари први ќе изгорат во гневот. Мал е светот денес, може да се бега ама нема да може никој да се скрие. Стапот секогаш има два краја но нека си пресметат убаво кој ќе го извлече подебелиот крај.
Сметаме дека токму сега е моментот да се раскринка ова оваа ујдурма во зародиш и пред ваквото хипотетичко сценарио да се повлече црта. Затоа ги повикуваме сите политички партии сериозно да го сфатат проблемот и самите да си се разберат со индивидуалните членови лешинари во нивните редови (си ги знаат убаво кои се тие). Нека размислат што ќе добијат, а што ќе изгубат ако го детонираат југоистокот во сред кризен период со сите невољи. Ние нема да отстапиме ни милиметар и на секој притисок ќе биде одговорено соодветно. Никако нема да помине ваквата "зелена" агенда на ДУИ во југоисточна Македонија, а Еколог нека не се залетува да влегува во непромислени зделки со пропаднати измамници кои го имаат навлечено гневот на народот.
На крај целото ова може да прерасне во нешто што никој не го посакува и особено ДУИ нека размисли дали сака да предизвика меѓуетничка криза и масовни конфликти во сегашната геополитичка ситуација. Претеравте и разберете дека трпението е при крај. На кого му одговара тоа??!
РУДНИК НЕМА ДА ИМА !!!
Повеќе на темата можете да чуете вечерва во 21:00 часот во емисија на ТВ Канал Вис.