UEFA Champions League - Season 2022/23

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во ЛШ?

  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Од Чави некоја немаш со фризурчето
Автоматски споено мислење:

Со среќа на Милан и Интер на ждрепката. Треба да бираат меѓу Сити, Баерн, Реал, Челзи, ПСЖ, Тотенхем, Порто.
Само последниве две им делуваат симпатично.
Оти Милан групи поминаа ?
 
Zavisi od protivnikot. Na Inter poveke bi mu ležel nekoj uber otvoren City otkolku nekoj Porto.

На слично мислење сум. Тотенхем е многу посакуван кај навивачите на Интер, добро, разбирливо е со оглед на конкуренцијата, но мислам дека не им одговара.

Сега пак погледнав кои се први во групите и изгледа водиме безвезни муабети. Имаш една голема група на ептен силни екипи кои сакаш да ги избегнеш и тие две што нешто демек ги посакуваш, а и не ти баш одговараат.

Но, веќе кога се играме, мислам дека Интер треба да биде задоволен ако им се падне Челзи, освен Порто. Челзи повеќе би им одговарал дури и од Тотенхем. Со Тотенхем, како и со Реал, има големи шанси да бидат само "морални победници", како што пишуваат за минатата сезона, како биле блиску.
 
Инаку, за тие што немаат ТВ приемник дома, Тотенхем во последно коло успеа да обезбеди пласман во 1/8 финале, во група со Ајнтрахт, Марсеј и Спортинг. Со судни маки.

Тие што имаат, малку се чудат на одредени констатации. :)
 
Фудбалската јавност сеуште е во шок.
Конте помина групи во Европа, жглб сеа ново пресадување коса. Да се почасти
 
Резултатите во групи не мора да бидат пресудни за тоа кој на кого колку му одговара во 1/8 финале, без разлика дали некој има телевизор или машина за перење садови.
 
Резултатите во групи не мора да бидат пресудни за тоа кој на кого колку му одговара во 1/8 финале, без разлика дали некој има телевизор или машина за перење садови.

Повели елаборирај, зошто Тотенхем повеќе му одговара на Интер одошто Челзи? По кои параметри си се водел за да дојдеш до таков закчучок?
Затоа што во случајов, одговара = послаб опонент.

Резултати тековни? Место во ПЛ? Можеби историја во ЛШ? Тренер експерт за ова натпреварување? Емерсон Ројал? Шест настапи во групата?

Објективни, не се во никој случај. Убаво е само тоа што го пишуваш, бидејќи ја следи таа тенденција после ждребот за групите, пред двомечот со Челзи и периодот измеѓу, кадешто навивачи на Милан овде, суптилно или помалку суптилно го потцениле Челзи. Ти си во првата група и затоа ми е драго што се оттргнуваш полека од лажната скромност, резервираност и политичка коректност.

За потсетување, затоа што Челзи не е ништо посебно, може да се игра, да се надигра, може лесно да се порази, мислења на добар дел од фан-базата на Милан, истиот Челзи и во Лондон и во Милано го победи истоимениот клуб со пет постигнати и ниту еден примен гол.

Челзи не е ништо посебно во однос на Реал и Сити, би ги додал без проблем во моментов Баерн, ПСЖ и Ливерпул, но од сите потенцијални противници на Интер, освен Порто, Челзи да му одговара највеќе....мириса на големо безобразие.
 
Тотенхем уште 500 години нема да се излечи од оној лузерски менталитет, па макар и Фергусон им седнал на клупа.
 
Не би рекол дека Челзи е лесен противник во елиминациона фаза. Реал доста се испоти последниве две сезони со нив во кога игравме во елиминациона фаза и сегменти го одлучуваа двомечот.

Е сега ова беше додека беше Тухел тренер, под Потер не знам какви би биле, али не верувам да се лесен и идеален противник.
 
Ренџерс синоќа бутнаа еден "рекорд" - најслаб тим во историјата на ЛШ откако се игра групна фаза. 0 бодови и гол разлика -20.

Пред тоа рекордери беа Динамо Загреб во 2011 со 0 бодови и гол разлика -19.
 
Убаво е само тоа што го пишуваш, бидејќи ја следи таа тенденција после ждребот за групите, пред двомечот со Челзи и периодот измеѓу, кадешто навивачи на Милан овде, суптилно или помалку суптилно го потцениле Челзи. Ти си во првата група и затоа ми е драго што се оттргнуваш полека од лажната скромност, резервираност и политичка коректност.

Е добро де, ете, сме мислеле дека може да се игра, па и сега мислиме дека би можело да немавме проблеми со повреди или да не беше црвениот. Но, не знам дека сум се залетувал, па и да фатило еуфорија некого големо чудо, јас не сум меѓу нив. Што е спортот без такви големи, па и нереални очекувања или такви стравови. Ете, не сме најобјективни фанови, прифаќам.

Но, знам дека уште откако Салзбург извади Х во Лондон, пишував во нашиот фан клуб, дека тоа е лош резултат за Милан, поради двата можни порази од Челзи, па потоа да мора да тепаме во Милано против Салзбург. Среќа тие не победија во Загреб. Далеку од тоа дека сум очекувал нешто многу во натпреварите со Челзи.

Тоа околу лажна скромност и слично, ти се глупости. Што мислам тоа пишувам. Ако добро се сеќавам, доста навивачи на Челзи, после освоената титила со Конте, пишуваа дека не се главни фаворити за титула, цел е ЛШ и слично. Што е уште поскромно од тоа што јас го пишувам.

Е сега, ако за момент завршивме со тоа што мислам или глумам дека мислам, со се однесувањето на навивачите, вклучително и мене пред натпреварите со Челзи, ќе пишам и зошто мислам дека Челзи може да му одговара на Интер.

За почеток, нема дилема дека Челзи ќе е фаворит против Интер. Но, на Интер повеќе ќе му одговара екипа која што ќе инсистира на посед, а знае да биде импотентна во напад. Во ПЛ, од првите 11 клубови, само Кристал Палас има постигнато помалку голови од Челзи. Ќе го затвори Интер централниот дел, таму имаат дури шестмина (три дефанзивци и тројца од среден ред), а добри се во транзиција. А кога нив не ги фаќаат во транзиција и се поставени во низок блок, збиени, со две доста блиски линии, добро се бранат. За разлика од нив, Милан има големи проблеми кога противникот му доаѓа блиску до 16 метри. Тешко контролира такви натпревари.

Тотенхем е доста слична екипа на нив, што мислам дека не му одговара на Интер. Ќе ги затвори Конте, нема да стои Тотенхем премногу високо, имаат одлична контра, а Интер не брани добро брза транзиција, како позиционен напад. Интер ќе игра, а Тотенхем ќе помине, ете така има доста шанси да заврши тој двомеч.

Пак ќе напишам, нема некој поволен избор. Јасно ми е зошто Тотенхем им е меѓу двете најпосакувани опции, но според мене не им одговара. Дали треба да скокаат од радост ако им се падне Челзи? Секако дека не. Да ме прашаш точно колку имаат шанси против едните или другите, не би знаел сега...
 
Абе, после освоената титула на Конте велевме дека не сме фаворити и сезоната...ја завршивме десетти во Премиер Лига. Не било случајно.
Таман работа, секако дека ќе бидеш еуфоричен и ќе се надеваш, ќе бидеш оптимистичен. Едно е тоа, друго е потценување. Јас го препознав второто кај добар дел од вас.

За останатото, океј. Твојот аргумент не е невалиден воопшто. Стои напишаното во некоја мера. Но, само од еден аспект и затоа не знам дали е тоа доволно. Односно, не знам дали само концептот на Потер како таков е доволен за да се каже дека Челзи е по мерка противник за Интер.
Има тука и други параметри кои не можеш да ги заобиколиш.

На крајот од денот, мислам дека имаме опција да поедноставиме. Да се прашаат фанови на Интер кого посакуваат повеќе како опонент, Челзи или Тотенхем, мислам дека одговорот е јасен.
Еве јас, освен ПСЖ, од второпласираните најмалку би го посакувал Интер. Земајќи ги предвид сите аспекти и околности.
 
Инаку, за тие што немаат ТВ приемник дома, Тотенхем во последно коло успеа да обезбеди пласман во 1/8 финале, во група со Ајнтрахт, Марсеј и Спортинг. Со судни маки.

Тие што имаат, малку се чудат на одредени констатации. :)
Сите имаме ТВ приемник и пратиме како те снемува ко кур на ТВ1000.
 
Сите имаме ТВ приемник и пратиме како те снемува ко кур на ТВ1000.

Можеби имаш ТВ приемник, но дефинитивно немаш слободен пристап до форумов од барем едно 23 профили.
И нешто во главата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom