Ми текна периодов од чиста мира да ја играм Scarface: The world is yours и позитивно ме изненади, ептен ми годат тие игри од 2004-2006, буквално се што имам играно од тоа време ми било погодено, особено за гејмплеј. Не знам зошто не била популарна играва, веројатно дека Сан Андреас тоа време беше алфа и омега за Open world игрици и ги има засенето сите овие, ама има многу интересни работи играва што ги нема кај други Open world. Пример имаш да дилаш дрога како уличен дилер, да преговараш за подобар deal, во зависност од релациите со спротивната банда ќе имаш и подобри цени, можеш и како главен нарко бос да си увезуваш кока и зимаш пари од продажба. Имаш војна меѓу банди и освојување територија (нешто ко Сан Андреас ама потапа за нијанса), имаш различни перспективи на играта да играш како возач на Тони, како платен убиец на Тони и сите пари одат кај Тони. Различни купувања, коли, бродови, доста голема мапа, интересни зезанции ко можност да те изеде кит ако си некое време во вода. Е сега во Сан Андреас има поише опции авион, хелихоптер, мотор да возиш, не се споредува, ама сепак вреди да се игра. Мисиите се таман со тежина ни прелесни ни претешки, имаш читови некои ама може да се сврти без читови многу полесно од Сан Андреас што би можела без читови на пример. Бегањето од полиција е исто така доста јако и несекојдневно, исто интересно ми беше и штедење во банка и зимање камата.