Многу е поедноставно за жена, особено ако е просечна. Под просечна подразбирам да не е дебела и да е просечна фаца.
Ќе се скара со дечкото што оделе 5+ години, ќе излезе на 2-3 ''по елитни'' места онака потдотерана и ќе и пишат 150 луѓе во еден викенд. Цената в плафон, реалноста сосем друга. Ненормално лоши приказни се изнаслушав/изнагледав во последниве 2-3 години. Не само разведени или скарани партнери, туку и неверства. Се руши младинава, помина времето од старите генерации.
Оваа прикаскава за Шведска што се ја пишале погоре, уште од почеток знаевме како ќе заврши. Па најпоштената девојка на универзумот да била тоа ќе го изневерела. Не сакаат жените такви душа луѓе. Освен за другари.
Психологија е во прашање.
Кога ме влечат за јазик овие што се ебат со шиптарана од косово низ тоа скопјето а нискос им се македонците, ќе го кажам и следниов случај а не е единствен.
Имав една пријателка, многу блиска така да знам многу за нејзиноот живот пошто таа сама ми има кажвано. Типката беше баш од овие уфилманите (со добар факултет) дека секој друг (клошар ) е повреден од нашите, сме дошле да не речам до расправии ама секој со својот памет.
Така и таа преку некој апликации како тиндер си бараше сопатник па почна да се гледа со некој од нив и нејзините искуства ми кажа со тек на време.
Се гледа со еден, оди на вечера и кога треба да се плати фраеров ја дели сметкава како да се работи за не знам каква сума. "Македончето" како што знаат да кажат ако терба заем ќе земе ама ќе излезе како човек а не да се треси кај келнерот девојкава да си ја плати вечерата.
Излегува со друг, исто на вечера, кога треба да се плати, се крие во клозет.
Слдниот, лично имав прилика да го видам, клошар невиден, ама битно австралец и тоа од богата крајбрежна населба, некој овчар од мкд да беше подобар стајлинг ќе имаше, дибек за плашило во некое лозје да не го ставиш. Девојкава ради работата мораше да се пресели некое време во еден од регионалните гратчиња на 2-3 сати возење од Сиднеј. Еден викенд типов ќе оди да ја посети нашава и да го поминат викендов заедно, нашава како права Македонка, спрема вечера, па шише вино да се опуштат после вечера, дибеков се зачукува две - три чаши вино и заспива ко труп. Оваа се изнервира до тој степен што следното утро му ја покажала вратата и повеќе никогаш не го виде.
Имаше уште неколку кратки кафе средби и на крајот крена раце, си најде еден Peter од Ротино и денес имаат 2 деца (машко и женско) и среќно си живеат и ден денешен.