Милано е град што прави проблеми околу изградба на стадион. Инсистираа(т) да се реновира Сан Сиро, а доколку се гради нов имаат проблем со хотелите и други бизнис објекти околу стадион. Па муабети за екологија и слично.
А никој не сака да гради само стадион, тоа било пред 50 години, сега е потребно да се направат хотели, молови, деловни објекти кои ќе ги вратат вложените пари и ќе донесат плус нови.
Пратам што се случува околу обидот за реализација на новиот стадион во Милано, колку проблеми прави бирократијата, не се најголем проблем клубовите. Една година се изгуби околу таа јавна дебата што започна пред еден месец. Прво дали да ја има, па дека мора да ја има, па процедура околу неа. Подготовка, одржување, заклучоци...
А подобро е еден клуб да е сопственик, но веќе тука може да се зборува за финансии. Кој клуб успее да издржи сам да направи стадион, ќе има и бенефит од него.
Зошто не трчаат да направат стадион некаде во провинција, во некоја друга општина или како и да се викаат локалните единици? Ако можете да направите некоја бизнис зграда во Зелениково или во Центар, Карпош, каде би сакале?