Прегледај го приврзокот 348396
Прегледај го приврзокот 348397
...
кокошка или
домашна кокошка (
науч. Gallus gallus domesticus) е
подвид на
птици која често се одгледува како
живина. Се смета потекнува од
југоисточна Азија, и дека
еволуирала од дивите видови како
банкивската кокошка (
Gallus gallus). Оваа птица е најраспространета на земјата. Ова е одомаќинета птица,
подвид на дивата банкивска кокошка од
Виетнам,
припитомена пред 10.000 години. До оваа откритие, конвенцијалната мудрост велеше дека кокошката е припитомена во Индија. Од Индија припитомената кокошка дојде до Персија. Од Персијанизираното кралство Лидија во западна Мала Азија, „домашната птица“ била пренесена во Грција, се претпоставува, околу 5 век пред нашата ера. „Птицата“ била позната во Египет од 18та династија како „птицата која несе секој ден“, според аналите на Тутмос III. Птицата не се спомнува во Стариот завет. Некои генетски истражувања покажуваат дека кокошката потекнува од црвената и сивата дива кокошка. Иако хибридите од два диви типа имат тенденција кон стерилност, покажува дека генот за жолта кожа присутен кај домашната кокошка не е присутен кај најблиската роднина, Црвената Дива кокошка. Се мисли дека жолтата кожа кај домашната кокошка доаѓа од сивата дива кокошка. Кокошката е најраспространето домашно животно. Со популација повеќе од 24 милијарди до 2003 година, во светот има повеќе кокошки од било која птица. Луѓето ги одгледуваат кокошките најмногу како храна, консумирајќи го
месото и
јајцата.
Прегледај го приврзокот 348398
Прегледај го приврзокот 348399
...месото од кокошка, наречено „кокошка“, е тип на живинско месо. Заради нејзината релативно ниска цена, кокошкиното месо е едно од најконзумирано месо во целиот свет. Скоро секој дел од птицата може да се користи за исхрана и месото може да биде зготвено на различни начини. Популарните кокошкини чинии вклучуваат печена кокошка, кокошкин стек, кокошкина супа, кокошкини крилца, тандоори кокошка, путер кокошка и кокшка со ориз. Кокошката е исто така и основна суровина во рестораните како брза храна. Комерцијално произведена е користена како почетна точка за опишување друга храна; за многу се вели дека „имат вкус на кокошка“ ако не се разликуват од другите.
Прегледај го приврзокот 348400Прегледај го приврзокот 348401
...
подготовка на пилето:
• Извадете го пилето од фрижидер 30 минути пред да го ставите во рерна.
• Загрејте ја рерната на 240 °Ц.
• Нема потреба да го лупите зеленчукот – само измијте го и грубо исечкајте го.
• Искршете ја главицата лук на чешниња, оставајќи ги нелупени.
• Ставете ги зеленчукот и лукот во средината на една голема тава за печење и попрскајте ги со маслиново масло.
• Попрскајте го пилето со маслиново масло и убаво зачинете го со сол и црн пипер, триејќи ги по целата птица.
• Внимателно избоцкајте го целиот лимон со врвот на остар нож (ако имате микробранова, ставете го лимонот во неа 40 секунди – ќе пушти навистина убава миризба).
• Ставете го лимонот во отворот на пилето, заедно со грст од билките.
...приготвување на пилето:
• Ставете го пилето врз зеленчукот во тавата за печење и ставете го во загреаната рерна.
• Веднаш намалете ја температурата на 200°Ц и печете го пилето 1 час и 20 минути.
• Ако сакате да додадете печени компири и зеленчук, сега е време да ги ставите до пилето и да печете уште барем 45 минути.
• Прелевајте го пилето со течноста и ако зеленчукот ви се чини сув, додајте малку вода за да не изгори.
• Кога ќе биде печено, извадете ја тавата од рерната, пренесете го пилето на штица и оставете го така 15-тина минути.
• Покријте го со фолија и со крпа и ставете го настрана.
• Служете го со некој фин сос и со величествен печен зеленчук.
Прегледај го приврзокот 348402
Прегледај го приврзокот 348403