Под бр 1, ова е огромен пропуст на полицијата што дозволиле воопшто без контрола да се шетаат и да прават проблеми низ град.
Под бр 2, пропуст според мене на сите скопски групи, пред се тука мислам на Комити и ФА како најактивни и најбројни во моментов. Останатите не ги рачунам за достојни. Нема везе што нема никаква поврзаност со Вардар и МЗТ, но најголемите душмани си направија екскузија во сред град.
Претпоставувам дека никој немал појма дека ЖРК Металург играл со ПАОК па уште и дека ќе има гостински навивачи, ама штом се дознало за нивно присуство мое мислење е дека веднаш требало да има реакција иако верувам дека многумина сега дознаваат од фб, и медиуми.