Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување


Македонија на пример во квалификациите за ЕП 2022 освои 10 од можни 12 бода. Тоа е максимум што второпласирана екипа може да освои. Исто толку имаше и првопласираната Данска.
Данска беше во прв шешир, Македонија на претпоследното место во третиот шешир.
Слична судбина, ако не и четврти шешир ни се смешка и сега доколку не бидеме први во групата. А прво место во конкуренција со Португалија е тешка и прашање дали е изводлива мисија.
 
Потполно очекуван состав, очекував само Томовски да биде пред Никола но тоа ќе биде на утакмицата со Турција.
Супер утакмици да се билда самодоверба за маладите.
Нека биде забава и атракција овие два натпревари па на пролет со дополнителни сили да се атакува на Португалија.
 
што му е на спикерот...место Никола Митревски, Никола Маркоски, место Филип Кузмановски, Цветан Кузмановски..па даде гол Талески, не пардон Кузмановски..а имињата на Луксембург додека прочита ќе поминат 4-5 секунди :pos:
 
Последно уредено:
Едноставно спикеров у сала има неопишлива мизерија, јад, чемер и беда. Блам избива од себе, апсолутно ниту еден играч не погоди.
 
хахаха голманот на Луксембург Херман 115 кила..борење..ама важно му одбрани седмерец на Талески...
 
Зашто на +11 Кире ги игра првотимците никогаш нема да ми бидне јасно

Коментаторот на Арена: Може се похвалити овај голман својим другарима у пабу да је одбранио два седмерца Георгиевског и Кузмановског :pos::pos::pos::pos:
 
Последно уредено:
Ќе бидне ли конечно една преубедлива победа од 15-20 разлика, во првото коло против Луксембург дома?
За еден гол! А реално да фрлеа некој лоб од пенал, она дебелоно што едвај се движи немаше да фати три пенали.

Супер прво полувреме и супер напад денес, кој можеше да оди до 40 комотно. Фали Манасков на лева страна да забива зицери каде другите промашуваа повеќе, ама и ова денес е пак супер (Кизиќ не е баш на ранг на другиве ни голмани). Битно ги скантавме сељациве од Луксембург. :D За почеток супер, па дури и Ѓорѓиев изигра денес супер (ќе видиме како против Турција на гости).
 
За еден гол! А реално да фрлеа некој лоб од пенал, она дебелоно што едвај се движи немаше да фати три пенали.

Супер прво полувреме и супер напад денес, кој можеше да оди до 40 комотно. Фали Манасков на лева страна да забива зицери каде другите промашуваа повеќе, ама и ова денес е пак супер (Кизиќ не е баш на ранг на другиве ни голмани). Битно ги скантавме сељациве од Луксембург. :D За почеток супер, па дури и Ѓорѓиев изигра денес супер (ќе видиме како против Турција на гости).
1/4 пенал реализација
 
Одбраната во првиот дел предводена од Талески и Стојковиќ делуваше беспрекорно, им направивме серија од 10-0.
Позитивно е тоа што Серафимов се развива во вистински правец, има голем физички напредок, Лазаров го играше во одбрана и покажа доста добра игра, во нападот распали во вториот дел.
Според мене одигра многу подобро од Јагуриноски, кој беше во игра многу повеќе од Серафимов.
Добра е оваа убедлива победа за подигање на самодовербата кај играчите, вакви утакмици се многу значајни за оваа млада екипа.
Мора да се спомене дека Лазаров одлично ја подготвил екипата, вистински тест ќе биде гостувањето против Турција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom