- Член од
 - 5 април 2013
 
- Мислења
 - 3.432
 
- Поени од реакции
 - 7.187
 
Не бе каков еден, јас мислам од тие шо ги наброја минумум тројца ќе завршат на краток список, лично јас би ги пикирал Митев, Ѓоргиев и Атанасиејвиќ, не само ради то шо се добри во моментов, туку и најмногу имаат простор за напредок во играта, особено двојкава од 2002.
Одам по логиката 8 позиции по 2ца
голман: Митревски / Томовски
лево крило: Манасков / ? (Кузманоски, Маџовски, Ојлески, Петар Атанасијевиќ)
десно крило: Георгиевски / Костески
пикер: Пешевски / Н.Маркоски
лев бек: Талески / ?
среден бек: Кузмановски / ? (Митев, Ѓоргиев, Карапалевски, Павле Атанасијевиќ, Танкоски, Димитриоски, Крстевски, Џонов)
десен бек: Серафимов / Јагуриноски (кога ќе се врати Велковски тој има шанси да прескокне некој од овие 2ца)
дефанзивец: Мишевски / ? (Младеновиќ, Кукоски)
Наместо 2 дефанзивец има шанси да биде трет пикер за во два правци (Стојковиќ, Лазаревски)
Прашањето е кој ќе биде 2 лев бек. Можно е Кузмановски да играа на таа позиција, со цел да се ослободи место за уште еден среден бек. Тоа е ми се чини единствена варијанта во која 2ца од погореспоментатите 8 би биле во 16те. За 3ца не гледам баш како освен ако се коцкаме само со едно лево крило на пример.
Има уште 4-5 кои во одредени ситуации ако имаат навистина супер сезони и им се поклопат коцките можеби може да се најдат на списокот, како на пример: Кизиќ на голман, Петковски или Поповски на десно крило, Димитриевски лев бек/одбрана, Ѓорговски лев бек, Аларов пикер...
П.С. Го додадов и Крстевски на листата, го подзаборавивме но тој е секогаш тука некаде.
П.П.С. И Лазаров и Миркуловски и Стоилов се пензионираа од репрезентација. Не сум сигурен дека имаме сфатено што значи тоа за составот сеуште. Реално само 4ца со 30+ имаме. Сите други се меѓу 19 и 26.