Тоа е барем прелесно. Овде нема голем простор за споредба затоа што интересите на Русија никогаш не биле на страна на Македонија. И историски, а и денес.
Низ историјата еден куп одлуки и политики на Русија биле на штета на Македонците. Од безрезервната поддршка на српските интереси па се' до обидот за создавање на Санстефанска Бугарија. Исто така, не знам дали имаш информации за тоа, Русија директно и има помогнато на Османлиската Империја во задушувањето на Илинденското востание, преку давање на клучни информации. Така да Русија секогаш била антимакедонски расположена, или во одреден период индиферентна према нас.
Од друга страна, од осамостојувањето до денес САД имаат големи интереси во регионов па и во Македонија. Не дека оти многу сме им симпатични, но си имаат тие своја цел. Е сега поради тие цели ние како држава имаме остварено некаква корист, сакале да признаеме или не. Што финансиска, што инфраструктурна, што во други области... Влезот во НАТО не е идеална опција, но за нас во моментот е најлогична. Самата војна во Украина покажува колкава е разликата дали некоја земја е во алијансата или не.
А и гледајќи ги нашиве неспособни политичари од двете страни, на моменти да помисли човек дека без поддршката од Запад тешко дека ќе сме опстанеле како држава до сега. Ова последното чисто како едно размислување, не тврдам конкретно дека е така.