Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Зашто само за луѓе од тие генерации имам разбирање за ваквите ставови. Си ги носат впечатоците од ВСВ, се палат на Сталинград и воени приказни. Па иако не се во право ги сфаќам во мал процент.

Млад човек во 21 век да ги обвинува Американците за се' и да се пали на авторитарни диктатори е веќе загрижувачки.
Зошто дискутираме за генерации и старост/младост? Фактите се различни на различна возраст?
 
Не се, во тоа е поентата. Само луѓето од тие генерации немаат толкав пристап до поширок опсег на информации за разлика од младите, посебно во денешно време. Затоа се водат по некои нивни сфаќања и искуства.
 
Сакаш да кажеш дека пристапноста до фактите е ограничена со возраст?

Ај да не должиме. Немаш право. Фактите се исти за сите, но свесноста за истите зависи од трудот на свидителот да дојде до нив. Да ги просее низ спамот од пропаганда што е мнозинството од информации на нетов, и да ги изолира парчињата што се реални факти.

Тоа што ти конкретно го правиш во моментов е декларирање на некој твој светоглед. Разбирам дека така мислиш, но дали можеш да го аргументираш тој светоглед со факти - тоа е дилемата. Ајде да се обидеме, направи една кратка споредба зошто Русија е „лоша“ и зошто САД се „добри“. Што имаат направено добро и лошо, и едните и другите.

Тоа само како мисловна вежба. Независно од тоа (или зависно), на крај сакам да позборуваме за нашите интереси, македонските интереси настрана од туѓите интереси.
 
Тоа е барем прелесно. Овде нема голем простор за споредба затоа што интересите на Русија никогаш не биле на страна на Македонија. И историски, а и денес.

Низ историјата еден куп одлуки и политики на Русија биле на штета на Македонците. Од безрезервната поддршка на српските интереси па се' до обидот за создавање на Санстефанска Бугарија. Исто така, не знам дали имаш информации за тоа, Русија директно и има помогнато на Османлиската Империја во задушувањето на Илинденското востание, преку давање на клучни информации. Така да Русија секогаш била антимакедонски расположена, или во одреден период индиферентна према нас.

Од друга страна, од осамостојувањето до денес САД имаат големи интереси во регионов па и во Македонија. Не дека оти многу сме им симпатични, но си имаат тие своја цел. Е сега поради тие цели ние како држава имаме остварено некаква корист, сакале да признаеме или не. Што финансиска, што инфраструктурна, што во други области... Влезот во НАТО не е идеална опција, но за нас во моментот е најлогична. Самата војна во Украина покажува колкава е разликата дали некоја земја е во алијансата или не.

А и гледајќи ги нашиве неспособни политичари од двете страни, на моменти да помисли човек дека без поддршката од Запад тешко дека ќе сме опстанеле како држава до сега. Ова последното чисто како едно размислување, не тврдам конкретно дека е така.
 
ОК, значи скокаме спредба САД/Русија и идеме директно на македонските интереси. Важи, во ред е и така... Иако некако имам чувство дека ќе се навратиме и на првиот дел. Ќе ти одговорам на друга тема (да не одиме офтопик) наскоро, кога ќе имам малку повеќе време.
 
Сега гледам, некако лошо сум го прочитал претходниот твој пост. Разбрав дека ти сакаш да се фокусираме на македонските интереси. Во ред е, ќе продолжиме со дискусија.
 
Чигонго е фантастичен пример на тоа како еден вид влијае на својата околина. Детроит е друг.
 
More people disapprove of biden’s job performance than approve in 45 out of 50 states.

Fe-IZpGWYAg7JaT
 
Изгледа Дисковери нема да може да снима Deadliest Catch годинава, популацијата на ракови се намалила за 1 милјарда во Баренцовото море, па годинава САД ќе забранат лов.

Alaska snow crab season canceled as officials investigate disappearance of an estimated 1 billion crabs
 
Исто ко што велеа дека бројот на поларни мечки е драстично намален, ќе исчезнат во природата, само во зоолошка ќе ги има, за после во јавност да излезе истражувачка која неколку години се занимава со поларните мечки, дека нема намалување на бројот на поларните мечки.
Нормално одма и ги блокираа грантовите и отказ доби.

Таквата цензура е стандардна во Русија, нели Тенеке. Уствари Аљаска не е Руска, моја грешка :P
 
Изгледа Дисковери нема да може да снима Deadliest Catch годинава, популацијата на ракови се намалила за 1 милјарда во Баренцовото море, па годинава САД ќе забранат лов.

Alaska snow crab season canceled as officials investigate disappearance of an estimated 1 billion crabs

nisto peer, rakovite ja pocnaa masovnata emigracija kon rusija.
 
Изгледа Дисковери нема да може да снима Deadliest Catch годинава, популацијата на ракови се намалила за 1 милјарда во Баренцовото море, па годинава САД ќе забранат лов.

Alaska snow crab season canceled as officials investigate disappearance of an estimated 1 billion crabs

Сакаше да кажеш Беринговото Море.

Баренцовото Море е она другото во Русија, каде што потона руската подморница Курск во 2000 година.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom