Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Зошто не се согласуваш за ѕидот?глупостата со ѕидот,
Статистички гледано, во местата каде има физичка препрека, долж границата, илегалната миграција драстилно е опадната! Притоа и Израел, Шпанија, па и Гватемала имаат физички бариери (дали ѕидови, мрежи или жици) на некои свои гранични премини. Овие држави ги посочувам со одредена намера.
Притоа тоа не е скапа инвестиција, нешто повеќе од 5 милијарди долари, а само за Украина, во последниот пакет финансиска помош, и дадоа 12 милијарди долари! И да, за физичка пречка (читај ѕид) долж границата со Мексико беа скоро сите демократи се до Трамп, тогаш ѕидот стана симбол за поделбата и расизмот. И погоди што? Денес имаш криза на јужната граница, никој повеќе не зборува за кафезите на Трамп (кои беа остаток од режимот на Обама), самите демократи не ги сакаат мигрантите во своите држави, вклучувајќи ја и АОК, стапката а криминал на федерално ниво е зголемена, и да, поради неконтролираната миграција, латиносите започнаа да ја напуштаат Демократската партија. Така Републиканците победија, после 100 години, во јужен Тексас и на пат се да победат и во Невада!
И да, Џо продолжи да го гради ѕидот во Аризона. Држава која ќе има републикански гувернер и многу тесна сенаторска трка.