Не знаеме во колкав број им се Химарсите, тоа е многу строга воена тајна, можеме само да нагаѓаме. Сите претпоставувавме дека Химарс ќе функционираат како ГРАД, ама функционираат како повеќе Искандери наеднаш. Г од ГМРЛС многу смени.
ни малку не беше ИСИС тактика Харковската офанзива, туку класичен блицкриг, или Шверпункт по објаснувањето на Хајнц Г. колку и да е тоа иронично. Брилијантно од страна на Украина.
Смешно е како по двата порази, Киев и Харков, Русите се претставувани како жртвената послаба страна underdog. Подеднакво абсурдно како коментарот: "па нема најдобрите војници и опрема да си ги трошат на една Украина.Сигурно нема да напаѓаат со ПАК ФА и армата во вукојебинава"
Биди пристрасен, ама да бидеме реални и да не се лажеме себеси.
Химарс јас не реков дека се клучно оружје како што ти ме цитираш, реков дека се предуслов, има многу предуслови за добивање битка.
Чекај сега, прво кажуваш дека без химарс немало да има победа во харковскиот регион ама истовремено кажуваш - дека не се знае колку химарс имаат затоа што само се нагаѓа за бројот... Епа откаде тогаш знаеш колкаво е значењето на химарсите за офанзивата во харковскиот регион?
ни малку не беше ИСИС тактика Харковската офанзива, туку класичен блицкриг, или Шверпункт
Ајде јас сум лаик па поправи ме ако грешам: во блицкриг нели главен елемент се тенковските дивизии?
Сите информации што доаѓаат за украинската офанзива во харковскиот регион, кажуваат дека првичните брзи продори биле со хамвија и други лесни теренски возила, и тук тамо по нешто лесен оклоп. Не тенкови.
Германскиот шверпункт јас колку што го разбирам биле блицкриг напади насочен кон најслабите точки на непријателската обрана. Во случајов Украинците навистина ги идентифицирале слабите точки и токму таму нападнале. Но нападите со примарно пешадија во хамвија и лесни теренски возила, епа тоа е класичен ИСИС стил на напад.
Знаеш што е заедничко за украинската војска и за ИСИС? И двата ентитети имаат повеќе војска отколку друга техника. И двата ентитети не жалат жртвување на животите на своите војници заради постигнување краткорочни (и било какви) цели... И на крај, и двата ентитети се управувани од САД.
Химарс јас не реков дека се клучно оружје како што ти ме цитираш, реков дека се предуслов, има многу предуслови за добивање битка.
Сега ретерираш. Пошто ако се согласуваш дека химарсите не биле од примарно значење за битката - тогаш целосно се приближуваш до мојот став - на кој всушност иницијално ми реплицираше со „епитет“ дека сум бил лицемерен (што го „омаловажувам“ значењето на химарсите во војната).