Работата е што сега со четирите региони се доведуваат во пат ситуација. Сега за некој ден ќе завршат референдумите, после ден два претпоставувам ќе има некоја церемонија во државната Дума и Путин со Указ ќе ги прифати регионите како дел од Руската Федерација. После тоа (според Рускиот правен систем) тие региони се дел од Русија исто како што е Крим, Белгород или Волгоград. И сега истите тие региони се под напад на Украина = Русија е нападната од Украина. Може да земеме и хипотетичка ситуација со екстремен пример, каде што Украинците спроведуваат успешна офанзива и се наоѓаат во предградијата на Мариупол, кој сега е руска територија. Каков одговор и останува на Русија да преземе? Стварно не гледам дека може да се случи некој неочекуван пресврт терен, не знам да се појави некој нов генерал Кутузов и да ја сврти работата радикално во полза на Русија. Напротив, Украинците се повеќе конкретни а додека стигнат првите резултати од мобилизацијата ќе поминат два месеца.
Мене во последниов период, однесувањето на западните политичари е тоа што повеќе ме загрижува. Сфаќам на пример некое западњачко дебилче кој скока ко прле со „воведете no fly zone", "САД треба да ја уништи руската црноморска флота“, „уништете го Кримскиот мост“ и слични глупоштини. Војната е предалеку од нив и не ги осеќаат директните последици освен поскапени цени по маркети. Премногу долго живеаат во мир, Студената војна е предалеку и ја имаат изгубено перцепцијата што значи војна или нејзината постојана закана непосредно да се доживеее. Уште помалку, тотално не може да го исперцепираат ризикот од нуклеарна војна. Едноставно е непоимливо за нив дека за еден миг може да го снема целиот град кај што живеат и сите што им се блиски да се направени пепел. Не може, непоимливо е, како може да го снема цел Берлин или Амстердам, сите овие згради, сите овие луѓе да ги снема!? Не ме јеби. Лошите Руси се предалеку таму позади седум планини и седум мориња, не слушам куршуми, не слушам артилерија, не гледам рапарчени тела, како може тогаш да се испецрцепира дека наеднаш све ќе се снема.
Загрижувачкиот дел е дека тие што треба да се свесни (нивните политичари) изгледа не се баш свесни или пак сакаат да се хазардери и да ја турнат Русија до лимитот. Ама веќе кога ќе се пуштиме на таа удолница може и кочницата веќе да не работи. Мое мислење е дека поголем дел од таа западна политичка елита лекомислено се пушта во многу опасни игри кои може да имаат катастрофални последици. И сега после референдумите патот за тоа некако е трасиран.