Zaptija Stojkov
Комунист
- Член од
- 23 февруари 2010
- Мислења
- 3.178
- Поени од реакции
- 2.852
Е Стефус вака ќе ти кажам една работа:Автоматски споено мислење:
Има едно просто правило во животот. Кога носиш финансиски одлуки ако имаш дилема донеси ја таа што ќе плати помал % данок.
Примери
Данок/придонеси многу се плаќаат на:
Цигари
Бензин
Физичко злато и сребро
Алкохол
Редовно вработување
Забава
Кола
Странски производи
Игри на среќа
Облека
Покуќнина
Убавина
За овие работи што ги наброја данокот треба да се зголеми уште повеќе, бидејќи се е тоа луксузирање.
Цигари што ѓаол го тера да пуши цигари? Па некои ги има што две кутии во денот пафкаат од цигарите и тоа од брендовите Rothmans, Marlboro, Winston. Ами земи си од на пазар рефус тутун и виткај го!!! Еве како јас во животот сум од тие ретките луѓе што ниту еднаш не сум тргнал тутун??? Али да не те мамам сум ставил цигара во устата неколку пати на родендени/новогодишни прослави во куќа ама незапалена цигара...
Бензин - Што има потреба често да ја возиш колата ако е времето убаво??? Чим е убаво времето било каде дали на работа или по пазарење оди си со велосипед... Јас на работа си одам со Хјундаито акцент во период кога времето е врнежливо со обилни дождови или пак кога паѓа снег. А иначе од секојпат јас на работа си одам со велосипед.
Друга работа што мајка бараш да се возиш во такси 20 дена во месецот, ами качише во комбе/минибус/автобус. Или пак на велосипедот твој... Па ќе речам што народ бевме ние што доста секој ден некои се возат во такси, сакати се една рака ви фали, една нога ви фали, видот ве служи со само 40% или имате некое нарушување во центарот за рамнотежа???
Злато и Сребро - Колку злато и сребро да носиш на прстите и на вратот тоа не те прави човек. Пак истиот си.
Алкохол - Земи си купи си едно мало лозје или пак дома направи си лозница и прави си домашно винце. Па после некое време од комината вариси домашна ракија.
Странски производи - Ако се странски не значи дека се поквалитетни од нашите. Ама нашиве имаат таков впечаток дека било каков производ што е странски е поквалитетен од нашиот...
Игри на среќа - Од удирање на дугмињата по автомати и од вртење на белото топле со 36 полиња никој не се збогатил... Па ако треба нека се направи и 100 евра влезница. Исто како што е во Швајцарија 100 Франкој само за влез во такви објекти...
Облека - не мора да е бренд ќе си носиш скромна.
Покуќнина - и таа треба да поскапе што е луксуз.
Убавина - За ботокси, силиконски усни нека стане уште цената повисока...
Ама најповеќе треба да се зголеми данокот на луксуз на луѓето што возат автомобили од брендовите, (Бентли, Астон Мартин, Ферари, Ламборџини, Масерати, Пагани, Порше, Мекларен, Ролс Ројс, Јагуар, Мајбах...