Даночна Реформа 2023

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.731
Поени од реакции
5.003
Според актуелната регулатива, со законски измени се ставија во мирување токму одредбите за прогресивно оданочување, но и други даночни промени.
Од Владата стигна веста за официјалниот почеток на дебатата за даночната реформа. Стопанствениците официјално не излегоа во јавноста, а според наши сознанија, најмногу за што би се „воделе битките“ во врска со прогресивното оданочување, би бил долниот праг над кој почнува повисоката стапка на данок.

Според сегашниот Законот за данокот на личен доход, прогресивното оданочување треба да почне на 1 јануари 2023 година. Законот предвидува аконтативно оданочување на доходот од работен однос, или од авторски права, со стапка од 10 проценти за месечниот доход до 90.000 денари и со стапка од 18 проценти над тој износ. Но, овој Закон беше донесен во 2018 година кога просечната плата во државата достигна до 25.784 денари, за разлика од сегашните 31.407 денари.

Според актуелната регулатива, со законски измени се ставија во мирување токму одредбите за прогресивно оданочување и тоа во период од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година. Но, со Законот се ставија во мирување и други даночни промени, кои опфаќаат голема група граѓани. Станува збор за членовите 11, 84 и 87 од Законот за данокот на личен доход, кои се однесуваат на стапките по кои се пресметува и се плаќа данокот на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход. Тие сега имаат даночна стапка од 10 проценти.
Според сегашниот Закон за данокот на личен доход, од 1 јануари 2023 година даночна стапка од 15 проценти ќе има за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход, за доходот од добивките од игри на среќа. За доходот од капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, данокот ќе се плаќа по стапка од 15 проценти доколку имателот ги поседувал до една година, односно по стапка 10 проценти доколку ги поседувал за период од една до 10 години.
Во Законот е предвидено и дека доходот од капитал остварен врз основа на камати на орочени депозити ќе се плаќа по единствена стапка од 10 проценти.
Автоматски споено мислење:

Има едно просто правило во животот. Кога носиш финансиски одлуки ако имаш дилема донеси ја таа што ќе плати помал % данок.
Примери
Данок/придонеси многу се плаќаат на:
Цигари
Бензин
Физичко злато и сребро
Алкохол
Редовно вработување
Забава
Кола
Странски производи
Игри на среќа
Облека
Покуќнина
Убавина

Малку или ич се плаќа на
Лекови
Земјоделски производи особено македонски
Компјутери
Книги
Храна
Акции
Валути
Штедни влогови
Култура
Уметност
Образование
Здравство
Македонски производи

За куќа се плаќа 10% данок на кирија а 1% данок на имот. Но тоа не е исто но генерално е повеќе на страната на поседувањето недвижности наклонето.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.731
Поени од реакции
5.003
Исто животни одлуки што носат даночни ослободувања се брак и деца. Ако нешто значи тоа.
Исто интерсно е што не се плаќа данок на земање кредит, депозит исто помалку данок се плаќа на минимална плата.
Трговија со недвижност е исто ниско оданочена.
Автоматски споено мислење:

Според новите реформи хонорарно вработување, плата на 90000 и акции ќе бидат повисоко оданочени особено тргување на краток рок. Исто и депозити и сопствени бизниси.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.892
Поени од реакции
35.731
Хахаххаха кои црепови се комуњариве, ако поседат уште некоја година ни госпо нема да ја оправи економијата.

Абе единствена работа која беше колку-толку интересна за некој да инвестира/живее со големи приходи таму, беше ниската даночна стапка. Ниту има бизнис клима, ниту некаква помош од страна на државата, ниту кадар (особено не комплетен за да работи).

Наместо да пробуваат да соберат што е можно повеќе и поголем арач, треба да размислуваат за носење на инвестиции и зголемување на извоз, ама ела објасни му го ова на тутурутки.
 
Член од
6 јануари 2018
Мислења
128
Поени од реакции
178
Финтата е да се побара предвремени избори и да им заокружиме едно големо ЧАО на цреповиве што не водат 30 години!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.731
Поени од реакции
5.003
Ќе ви објаснам како може да не се плати речиси ништо данок и придонеси на примања. Одиш со лични трансвери за плата во странство, осигуран си преку фамилија, данок на капитална не плаќаш ако одиш со сметка од земја во која не се плаќа данок на капитална добивка во случај идиотитве да водедат, данок на дивиденда не плаќаш зошто тргуваш само со агрегарни фондови, форекс и слично што нема дивиденда. ДДВ купуваш производи само со 5% ДДВ или ослободени и гледаш за земеш поврат на МК произвоси 20% ако се направиш ок може севкупни даноци и придонеси да ти се 2-3% додека ако некој работи редовно во МК фирма би платил 10% пресонален сега и 15% плус продонеси 20% плус капитална 15% на дивиденда 10-15% може дури и ддв обрзник да стане тоа се 18% на приходи плус ако купува странски производи со 18% ДДВ можеби и ефективно да платиш и 60% данок и придонеси. А со погорното можеш да плати само 2-3% еве ви го лекот јас одам продолжете за Мицко Бранкица и Таче. Единствно лошо што е што нема да можеш со оваа моја шема да земаш кеш кредит можеш само гарантиран кредит. Но не е и тоа лошо можеш колку сакаш да си правиш левериџ на асетс во странство. А таму камата е 2-3%. Наспроти на кеш во МК 5-6% долгорочно а 9-10% краткорочно.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Многу лошо со овие закони, ќе ја дозамрат економијата. Што се на крај краеви веќе 90000. Идиотски правила

Sent from my M2004J19C using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.731
Поени од реакции
5.003
Кога протестираат администрација мала им била плата. Кога зголемуваат данок голема им била. Кога гласаме правиме правило Кога работат грешат и не ги бива. Кога штрајкуваат зошто немало настава Кога не работат зошто им биле ниски плати. Кога си невработен сакаш државно Кога си вработен ги плукаш. Кога нема во здравството лекови зошто нема Кога треба придонеси да се плата многу се. Кога си вработен се било партиско Кога си во партија за џабе не лепиш плакати. Кога се возиш по улица зошто имало дупки Кога си на патарина многу било. Кога не гласаш ради тебе било кога гласаш не си фактор...хммм глупости.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.892
Поени од реакции
35.731
Мувлосаниов професор да ти ги врати парите ако вака те учел.
Е од вакви гаргамели од комунизмот сме дотука.
Овие предаваат економски предмети а се дупки, и Google да им го дадеш ќе го банкротираат со овој памет.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.313
Рамен данок бил неправеден :pos: :tapp:. 15 години сме имале рамен данок, но сме немале развој и тоа било доказ дека е лош рамниот данок. Не е проблемот 200.000 неспособна, корумпирана администрација, тоа што од државниот буџет во последни 10 години се потрошени 40 милијарди евра, а каде се тие 40 милијарди небитно.

Државата преку данокот ќе ја развиела економијата, а што не кажеш бе профа како, како, какоооо...

Јасно му била дека довербата била на ниско ниво, но даночниве реформи ќе ја зголемиле. Како бе, објасни како бе, невротичен, цел живот со врски вработувања, паразит од главното дувло (правен факултет) за мито, корупција и уништување на државата.
Во ниту еден момент не го обвинува и не вика реформи во државниот систем поради кражбата на парите од буџетот, што судот, УЈП и финансиска полиција се главни виновници за даночна евазија и кражби, 100ци регулации поради кои не можеш да работиш :tapp: :facepalm:

Средете си го првин вашиот двор, па после во туѓите, или во ред е неправедност кога ти добиваш повеќе


Депозитите да се оданочат, оти народот и така нема каде да ги носи парите, а штом дивиденда се оданочува, зашто не и депозитите :zver: :cuc:
Замисли професоре, да побараше да нема данок на дивиденда. Фирмата веќе платила данок на добивка, зашто и данок на дивиденда.... така повеќе пари ќе ми останат, па со тие пари сам ќе одлучам каде да ги инвестирам. Сигурно подобар избор ќе направам, штом сам сум ги заработил, ваљда заслужувам сам да одлучам што ќе правам со нив. Ама па ако мене ми остануваат повеќе пари, тоа значи помалку пари за Ванчо, за неговата партија, сдс/дпне/дуи помалку ќе имаат за крадење.

Тип топ е професоров, јас го поддржувам, што побрзо се воведат реформите, тоа подобро (за некого :icon_mrgr:) , плус државата се потроши за време на корона, па сега време е да се плати "бесплатниот ручек".

Штета што никој не кажува како државата ќе ги троши повеќе собраните пари и ќе ја развие економијата. Изгледа малку им е буџет 4.5 милијарди евра, па со 4.6 милијарди сигурно ќе ја развијат економијата. :aplauz:

Кога нејќеме мудра жена како Ayn Rand да послушаме, тогаш ќе си ги живееме нејзините предупредувања.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.109
Поени од реакции
707
Dali stvarno mislat da zgolemuvaat danoci vo sredina na ekonomska,energetska i kojznae kakva se kriza ???
Pa ovaa nigde u svet ne se pravi.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom