Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Баталете ги бе Воска и Гостивар. Не знам што им се замарате. Оваа сезона тимот ни е уигран и за нијанса посилен од претходната, Грне е очигледно подобар тренер од Симов/Глигоров и Вардар реално не би смеел да има проблеми за директна промоција.
Нас ни треба уште некој играч во одбрана за да имаме во ротација и ја сум уверен дека ќе ја изгураме сезоната како што е планот.
 
Тоа што гледав Гостивар беше подобар ама Воска собира бодови од ффм и со пиштоли дома ако веќе тоа е фудбал и со тоа се гордеат.
 
Добро бе како можеше тој позади таква грешка да направи. Сам позади и дрибла. И со играч помалку Караорман заради дибекот позади не водат.
 
Вака кога го изгледав првово полувреме, си викам подобро што ме фати стомачен вирус и не отидов за Струга. Преслабо, со 10 играчи ни даваат гол од никаде.
Ќе биде мачење второ полувреме, мора да ги стави и Марковски и Жоглев. Караорман е една од послаби екипи на хартија, ако на вакви гостувања не победуваме, што остана за другите...
 
Жоглев гази (нели он даде гол? Вака по ќелавицата на него ми личеше, али објавиле дека Кире го дал)
Нашиве се срчкале со Грне на крај.
Спасивме гз, низ иглени уши кај противник што 70 минути играше со 10 играчи.
 
Жоглев го даде голот, најверојатно пишале Кире дека ист број носеше денес Жоглев ко него 14ка (можеби сум грешка така ми се виде кога влегуваше) а Кире не ни беше на клупа .Само кај нас може секое коло нов број да имаш
 
sto bese toa so grne na kraj? ne pokazaa na snimkata bas, samo traese nekolku minuti
Ги пцуеле фудбалерите на полувреме, па на крај Грне им се пуштил дека не смее да ги пцуеме и се срчкал со поединци.
 
Ги пцуеле фудбалерите на полувреме, па на крај Грне им се пуштил дека не смее да ги пцуеме и се срчкал со поединци.

na snimkata izgledase ko crven da dobi lol, jas si mislev so sudiite nesto se srckale
 
Ќути што извлековме некако победа, ама она беше бре криминална игра. Први 25 минути како да не постоевме на теренот, а после црвениот наместо да ги унаказиме, како капак на се примивме и гол. Грне прво треба да си ги дигне на клоци играчите, особено двајцата младинци, па после со публика да се расправа. Какво е она понашање од нивна страна, пуцвалон земал да изиграва Марадона на 20 метри од сопствен гол?!
П.С. Браво за Жоглев. Напаѓач каков што долго време баравме.
Жоглев го даде голот, најверојатно пишале Кире дека ист број носеше денес Жоглев ко него 14ка (можеби сум грешка така ми се виде кога влегуваше) а Кире не ни беше на клупа .Само кај нас може секое коло нов број да имаш
Бр.16 си е Жоглев. Оваа сезона e одлучено да нема менување бројки на кој како ќе му текне...
 
Ќути што извлековме некако победа, ама она беше бре криминална игра. Први 25 минути како да не постоевме на теренот, а после црвениот наместо да ги унаказиме, како капак на се примивме и гол. Грне прво треба да си ги дигне на клоци играчите, особено двајцата младинци, па после со публика да се расправа. Какво е она понашање од нивна страна, пуцвалон земал да изиграва Марадона на 20 метри од сопствен гол?!
П.С. Браво за Жоглев. Напаѓач каков што долго време баравме.

Бр.16 си е Жоглев. Оваа сезона e одлучено да нема менување бројки на кој како ќе му текне...
Епа моја грешка не сум видел убаво :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom