Ние моментално имаме зрела прволигашка екипа, зборам по имиња иако играта сеуште не делува така. По имиња можеби и најсилна второлигашка екипа години и години наназад и не верувам дека постои екипа која би можела да ги собере сите овие играчи во втора лига. Се шушка дека има некои шанси и Демир да се приклучи и во тој случај со добро одбрани 3 странци за наредната сезона ние веќе имаме формирано тим кадарен да се бори и за највисоки дострели дома, односно титула и куп.
Денес еден куп дебитантски што настапи што голови што беше добро испратено на инстаграмот на клубот. Дебитанстки настапи за Маркоски, Жоглев, Јовчев, Целески. првите двајца со деби гол плус прв гол и за Величковски. Иако противникот беше слаб, убаво е да се види овој резултат на крајот. Следи куп во Каменица во среда каде ќе се игра максимално и веднаш потоа уште едно "must win" гостување во Струга пред еднонеделната пауза...