Мислам дека веќе го знаеш одговорот но ајде ќе ти одговорам.
За мене лично нема разлика помеѓу Американската агресија и Руската сега. За разлика од руските навивачи од мене нема да слушнеш дека Блер и Буш биле во право што нивните војници убиваа цивили во Ирак.
Од меѓународен аспект разликата е во тоа што, глобалната култура и економија е сеуште предводена од западниот свет. Зошто цел свет користи Фејсбук, пие Кока Кола и јаде во МекДоналдс.
Работата во тоа е што поради овие причини западниот свет исто има и монопол на меѓународниот медиумскиот простор (Ако те интересира повеќе за манипулациите и двојните аршини на медиумите во врска со војните на Америка прочитај ја Manufacturing Consent од Чомски).
Поради ова западниот свет има моќ да става санкции. Доколку живеевме во свет каде што Русија е главен глобален играч тогаш истото ќе се случеше и со Америка кога правеше војни во туѓи држави.
Факт е дека западниот свет немаше доволно јак непријател за да им воведе санкции за нивните војни. Случајот со Кина кажува дека ова може да се промени за брзо време.
Доколку на сегашното место на Русија беше Кина, ако се воведеа санкции кон Кина, ќе имаше длабоки импликации на економиите на државите од западниот свет, посебно Америка, што неверувам дека воопшто овие држави би пробале да воведат некакви санкции, небаре санкциите досега на Америка кон Кина испаднаа полоши за Америка него за Кина.
Причината зошто ние не ја осудивме САД за нивните војни е дека сме америчка творевина, со прозападни политичари.
Не знам дали е тешко да си на страната на агресорот, расположението на темава е сосема различно