Не.
Не си сфатил зашто он се буни.
Заев, албанскиот пријател и сојузник, ни со прст не мрдна да ги побара од Косово лицата кои направја такво страшно злосторство. Не збориме ние тука за официјално барање.
Косово е држава која доби огромна подршка од нас за независноста (афирмација во меѓународни институции, гласања, спортски гостувања, лечење на косовски граѓани во наши државни здравствени институции и ред други работи).
Све тоа добиено од Груевски (кој го призна Косово) и Заев (добро, и Ковачевски после него).
И сега, оправдувањето кај вмровците и кај СДСМ денес, е рационално: - Косово ни е сосед и треба да имаме влијание таму, најдобро за нас е да имаме подобри односи со Косово од Црна Гора, Србија, па и од Албанија (што е невозможно, ама ајде) и така натаму.
ОК, сфаќам
Како тогаш Косово не ни ги праќа овие кои сториле такво страшно злосторство, како од Косово влегуваат, повеќе
е пати, банди, пљачкаат и се засолнуваат назад пак (еден пример е Про-кредит). Како Косово им даде боречки пензии и почести на оние кои влегоа во Диво Насеље?
и тн, и тн.
(добар дел од овие ствари се на товар на Груевски)
Каква е таа влада на СДСМ, која толку е албанизирана, ама не може нашиот штитеник да го натера да ни ги изручи криминалците, кои ни масакрираа деца на најголем празник? Како Грујо, кој го призна Косово и кој вршеше политички притисок врз спортските федерации да гостуваат таму и покрај тоа што нашите репрезентации беа дочекувани со Monkey-donia и слични написи, не можеше да им кже да ни ги вратат назад овие кои сега се со две идентични пресуди?
За тоа он се буни, не е така плитко ко што ти личи.