Најумрени ми се овие со пирамидални шеми, Авон, осигурувања. Некој од основно името ти го заборавил па ти пишува на Фејсбук како си што си еј имам огромна прилика за тебе...
Најјака случка со оваа сорта ми беше кога бев сингл пред некоја година, секој викенд дејтови, тиндер таму-ваму...малку напорно со пишување, запознавање ама и со 50% успех пак ќе боцнеш 2-3 германки месечно. И одам на дејт per usual, ирски бар беше еден. Овака на изглед супер, првична хемија на ниво, гушкање целување си викам ќе има кардио за некој саат. Правиме онака муабет нормален, она почнува да вергла нешто што сум работел, каде сум работел, дали сум бил осигуран, колку плаќам осигуровка...одам у ВЦ, барам на Фејсбук, гледам работно место од оние што продаваат осигурување. Ми дојде да се фрлам у шолја, ова ако не е дно живота не знам што е. Од тогаш заебав и Тиндер и дејтови и дегенеричен боемски живот, се средив, домаќин човек станав.