Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Мислу дека најглуп и најдосадан муабет што се вртело на Кајгану форум икада е "nes jebat".

Што е тој? Босански?
Тапа, ептеееен тапа.
Какфу емоцију доживуете кд ке га напишете тој.Демек нешто вау,кул,спуштање муабет,ке броите лајкови, што?
Не ми е јасно ич.
 
Драга Кајгана,
кај мене у маало еден кафич си узурпирал јавна клупа, турил масиче и ја присвоил како дел од кафичот.
Седнуваш ти божем да одмориш малце, ти доаѓа келнер и ти вика дека мора да нарачаш нешто, во спротивно треба да станеш и да си одиш.
Како бе вака?

Драга Кајгана,
еве и сликовито:

20220829_135248.jpg
 
Некои викаат дека најлоши шофери се BMW-аши, други викаат дека најлоши шофери се Audi-аши, ама длабоко во себе сите знаеме дека таксистите се најголемиот канцер во сообраќајот
 
Драга,

Го обожавам летото и посебно кога денот е долг. Имам повеќе време да ги завршам обврските, да направам тренинг и се останато што носи истото. Некако те запоставив баш поради тоа. Ми фали постирање песни во „Денов звучи како...“. Причина зошто не постирам е тоа што ми е хакиран фајлот со песни кои сум ги постирал, а го направив да не ги постирам истите.

Од утре ми почнува годишниот одмор, со душа ке живеам за тие дванаесет дена и ке сакам времето да тече споро, поспоро и додека си на работа. До следно пишување, биди ми поздравена.
 
Сабајлево ми искочи некој булшит пост на инстаграм у стил као некој си странец некаде е благодарен затоа што ти некогаш си бил добар со него.
И увек ми текнува пред едно 12-13 години копук мал пешки идев од Ѓорче до Лептокарија и некаде кај Влајко мостот ме застанува една кола, знам не беше со скопски таблици и ме прашуваат каде се наоѓа некоја си адвокатска канцеларија. И да се напраам демек знам им покажувам нешто као право само и ни 2 ни 3 им викам, абе идам у таа насока ако сакате ќе ви покажам. Ме однесоа до Лептокарија им викам ја тука мора да се симнам, ама само право продолжете и на втората улица од лева страна ќе го видите.
Ги искористив за превоз да не идам пешки, а тие којзнае што си викаат и ден денес. Таа адвокатска канцеларија не што не е таму, можно е и да не постоела воопшто. Нејсе, се надевам и они ме мислат.
И доаѓам дома после 5 саата, целиот среќен им кажувам на моите како сум снаодлив чоек, ќотек едвај избегнав. good days.
 
ДК,

аплицирав онлајн за трансакциска во друга банка се со цел да избегнам гужви, а и да примам плата во друга банка зашто моменталнава банка кај шо сум ми е тиња, банкоматите им се ко жена, де дава, де не дава пари, зависи кој период од месецот им е.

Ми стига СМС порука со кодот од новата картичка од новата банка, вика ќе ме известеле коа ќе стигнела у филијалата кај мене у град. Супер, нели?

Пројде недела дена, ја со момичето гушнат у кревет сабајлечки, такви двајцата испотени, цннн цннн, проверуем телефонот оп, поракиче од банката да идам да си ја подигнем картичката. Јас среќен ко пензионерот у мењам жену, само шо ја мењам банка у случајов.

Стигам у банката, идам горе да си ја земам картичката, ме седнува една теткица со наочарчиња, а до неа една млада, некаде на моја возраст, ваљда практикант или на обука, кој знае. И ја давам личнава карта на теткицава, таа демек чепка нешто у компјутеров и одеднаш и заѕвонува телефонов и почнува да моабети на телефон, да се смешка и се останато, воопшто не и е гајле за тоа што јас чекам.

Го вадам телефонов за да проверам саат, глеам за помалку од пола саат морам да сум на работа и да сум оперативен, почнува одеднаш сама ногава да ми се тресе у место и живциве да ми се спојуваат. Ме гледа теткицава, сфаќа дека сум нервозен и дека може да заврши спакувана у класерот позади неа ако не прекине да разговара на телефон и не ми ја даде картичката.

,,ама ти си аплицирал онлајн, сега треба да идеш доле на шалтер за да ти ја активираат трансакциската, за да можеш да ја подигнеш картичкава" - wot ze fok теткице, па која е поентата на онлајн аплицирањето тогаш, ако јас треба пак по шалтери да се замарам, ама ај нејсе, и објаснувам дека се брзам и дека ќе дојдам утредента (денес), затоа што на шалтерот тогаш беше голема гужва (затоа што само една им работи, а има двоцифрен број клиенти нонстоп)

Идам денес, ај реков, денеска ќе биде, ќе си ја земам, ќе ја дадам трансакциската на работодавачов и ќе си завршам се што треба у еден ден.

Влагам, чекам пола саат у ред, пак сум на брзање и пак одложив обврски за да си ја земам картичкава и трансакциската, пак се нервирам, ама ај, стигам на ред конечно и ме пречекува едно младо девојче.

Два пати и викам добар ден, воопшто не ме регистрира. Ало, добар ден? Мислиш на телефон збориме, не во живо. ОК, видов нема фајде да си културен со нејзе, па и објаснив ситуацијата, дека сум бил по картичка, но ми рекле доле на шалтер да идам за трансакциската да ми биде активирана.

Ме гледаше збунето, речи равенка и поставив за решавање, а не да влезе у систем и да ми ја активира трансакциската, го зема телефонот и врти некаде и ми вели да сум дошол нареден понеделник затоа што колешката не и била тука. Ниту лична карта ми зеде, ниту ме праша нешто друго.

Јас збеснав, ни пријатно, ни чао, ни ништо, излегов надвор. Пробувам да се смирам и инстантно станувам благодарен што моментално не сум возач, затоа што би и улетал со све кола у филијала, директ на шалтер и би лежел КПД за една трансакциска сметка и дебитна картичка.

Им се јавив у централа таму, им објаснив ситуацијата, ме ислуша една фина госпоѓа/госпоѓица (али теткица), ми се извини за тоа што ми го изгубиле времето за ништо и ми рече да сум отишол утре директ кај неа за она да ми помогне и да ми среди. Се надевам дека ќе се среди се утре.
 
После ваков дожд во Скопје за жал секогаш доаѓа земјотрес. Се сеќавам пред 6-7 години каков стрес доживеав у септември коа играше тлото на територија на Скопје со денови, дури една вечер спиев у парк од уплав..

се надевам нема да биде овојпат исто
 
Јелена коли со нож низ кардиоваскуларниот систем, шо по феморални, шо по радијални артерии - пепел сите крвоносни жилки со народњачкиве, и стојат да ги пеј реално, има душа во незе за вакви да пеј.
Astonishing е каква била пред операциите. Ангел од небото, белокрил. Со 4 пара пресилни крила. Серафим.


Можеше да ни биди новата Брена.

LIBERALS DO IT BETTER. ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА ЈЕЛЕНА.
И ШтО Е БИТНО КОЈ ТЕ МРАЗИ, ВИДИ КОЈ ТЕ САКА! :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom