Утринска рутина

Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.014
Поени од реакции
4.074
Член од
7 декември 2021
Мислења
1.255
Поени од реакции
6.212
Станувам во 11ет часот. Доколку моето лице е малку подуено од спиење, се шлакнувам со вода над мијалникот, после прдам и напоредно се згрчувам во лицето, му намигам на огледалото и одма се осеќам подобро. Тоа ми е рутина за пафи лице веќе 18ет години. Имам 37 години, неможам да направам ни 4 стомачни. Наместо со стомачни, утрото ми почнува со крали марко, ждригам длабоко. Не се бричам, не ставам лосион за длабоко чистење на кожните пори. Се туширам за 2 минути и користам шампон од бреза спакуван во 7 литри. На лицето ставам 10 тони Нивеа и сум реди ту гоу.

Постои идеја за Просечниот, никаква апстракција, каде сепак постои вистинсиот јас. Ентитет, нешто реално. Иако неможам да го скријам мојот студен поглед, ти неможеш да се ракуваш со мене и да почувствуваш месо кое го допира твоето, можеби чувствуваш дека нашите животи можат да се споредат. Јас едноставно сум секој втор лик од пастелниот излупен скопски станбен солитер.
Ова е за нијанса пооригинално од она на Darling ;)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Да, има и со деца. Станува малиот во 5, 5:30, 6, едвај ги отварам очите, пробувам да глумам дека спијам за да поспие уште малку, секако неуспешно. Си викам ајде од утре ќе почнам да си легнувам уште порано. Обавезно правам планови како би станала пред него, што знам дека нема да се остварат. Дури и како би вежбала сабајлето. Смешки. Највеќе што можам да направам е да се испрскам со Рексона и да измијам заби додека ѕиркам дали веќе почнал да се качува по ТВ комоди, каучи и сл.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Ова е за нијанса пооригинално од она на Darling ;)
Заборавив да кажам дека на мои 37 изгледам вака, после таа моја рутина. Можи глутеалниот мускул ми е далечен плач од тој на Крисчн Бејл, ама зато барем си имам цицки под очи.



Унгарска лепота, Сорос.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.639
Поени од реакции
35.179
Бреј све ранобудници по пропис.

Станувам во 5:30 без никаков проблем. Пијам млака вода со цеден лимон, онака лаганини. Се облекувам и излегувам. До 6:30 ако е убаво времето трчам на кеј, ако не е убаво потење на Орбитрек или лента за трчање во домашни услови. После тоа туширање. Спремање за новиот работен ден. Па на раат спремна, доаѓа првото утринско кафе, заедно со chill out музика. Сакам утрата да ги доживувам како совршен мир и божествена тишина. Утра полни со оптимизам. 7:50 затварам врата од надвор.
Ова беше како сакам да се будам.

А како навистина се будам, е сосема друга приказна.

Јас сум од оние хронично недонаспани луѓе. Тие најслатки „уште 5 мин“.
Алармот ми е ноќна мора. Сите имаат стравови од нешто, само јас имам уплав од аларм. Најомразениот предмет
Секое утро водам борби со него. Секое ново звонење ми текнува нова желба, да го фрлам низ прозорец, да го искршам, да го изџвакам и да го голнам и.т.н. И така упорно и упорно си ѕвони и никогаш не се откажува, а јас упорно и упорно го игнорирам. Се до моментот кога со само 1 око гледам дека веќе дошло 7:20.
Еееееее тогаш со брзина на светлината се трансформирам во летечки објект. Автоматски од успорена слоу моушн снимка, уклучувам турбо. Усеин Болд сигурно би ми позавидел. Па летам во купатило на супер брзо средување, шминка, облекување. Косата ми изгледа како да сум имала блиска средба со трофазна струја, па таа ми одзема најмногу време. Во 7:50 затворам врата од надвор.
Првото утринско кафе го пијам на работа. Не дека охриѓани штедат кафе дома :icon_mrgr: Туку дека немам време.

Викенд
Мојот комшија секој викенд во 8 часот решава да цепи дрва, да расправа дневно политичко - екомонски случувања, да ја разгледува и анализира воената состојба во Украина светот и да ги брои сите маркети во градов, колку пари е маслото, лебот, шеќерот. И тоа со комшивката преку 2 двора, точно под мојот прозорец. Ако во блиска иднина прочитате наслов „ Го полила соседот со врела вода и му нанесла изгореници од 3 степен“, да знаете јас сум :icon_mrgr:
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
924
Поени од реакции
1.429
Јас живеам во џевахир кулите. Станувам во 6:30 часот наутро, за аларм имам ја песната "васко жабата" помага ми одма да станам. Потоа земам ставам тенџере на главата и проверувам да не ми е подуена главата од спиење случајно. Во 6:50 часот уклучувам го телевизорот и гледам утринска прогноза на Канал 5 телевизија. Во 9:50 часот одам во ВЦ по голема нужда, после тоа чепкам си забите и туширам се со палминово масло, правам маска од глина за убавина на лицето, следен чекор ставам на телото лосион ЛОРЕАЛ, после тоа следи ГУЧИ помада за лице и на крајот следува германска помада против брчки. Во 10:50 часот седнувам во гостинската соба и свирам пијано 1 час, потоа во 11:50 ако ми се оде на работа облекувам се и одам на работа во собрание.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Порано се чудев како некои се будат толку рано, а мене ми се спие. Е сега сум истиот.

Покрај стандардните обврски и кога веќе децата не се во градинка ни на школо, нема спремање, плачење, носење си правам еден круг низ парк.

Сакам наутро да шетам низ парк кога сите спијат и затоа станувам во 4:30 секој ден. :D
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.407
Поени од реакции
9.716
utroto pocnuca so sleep cycle app,
mestam pola saat period za budenje

74BFC657-7A7B-4DF2-AC26-4DCB8ADF9C17.png

posle toa se uklucuva nekoja varijanta od naxi radio ili yt music plejlista

istegnuvanje osnovno, ponekogas nekoi vezbi zavisno od motivacija, tus

najbitniot del kafe
C662F7A0-8C09-420D-9776-1E08392CC56F.jpeg

aroma na svezo someleno kafe pomaga da se stabiliziram pobrzo. ponekoja pozitivna misla od knigava.

se optegam na foteljata i pomosen stol kako smok odreden period, i lagano go piam kafeto so nekoj biskvit / blago

razmisluvam nekoi 10-15min dali stvarno mora da odam na rabota, i taka ne rabotam nesto premnogu korisno a i rabotnoto mesto se povekje nalikuva na volonterska organizacija.
ako se resam da odam na rabota, slusalki na najjako, nekoja kvalitetna sabanerija, da potseti na nekoi "podobri vreminja" :D the end.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Јас искрено ви се дивам како станувате толку рано... Па јас последно станав во 5 или 6 со моите кога одев во Грција на море па модерно беше во зори да се тргне да се фати денот....
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.427
Поени од реакции
11.261
Дури и кога сум во изолација во 06 и 30 сум будна без аларми. Мислам рано легнав синоќа, квалитетни седум часа сон, али дури и да легнам по полноќ, или да е празник и викенд пред 08 мора да бидам будна. Така функционирам. Таков ми е биоритамот.

Screenshot_20220819-085547_Samsung Health.jpg
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.518
Поени од реакции
28.999
Јас искрено ви се дивам како станувате толку рано... Па јас последно станав во 5 или 6 со моите кога одев во Грција на море па модерно беше во зори да се тргне да се фати денот....
Се е до организмот како ќе го навикнеш. Јас ко дете спанко бев, у 11-12 станував, во школо до трет час спиев на последна клупа. Сега па и у 4 сабајле да легнам у 5:30 сум станат. Проблем имам што и да сакам да се вратам на спиење не заспивам.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.210
Јас искрено ви се дивам како станувате толку рано... Па јас последно станав во 5 или 6 со моите кога одев во Грција на море па модерно беше во зори да се тргне да се фати денот....
Тајната е во кофеинот.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Тајната е во кофеинот.
Тоа и го применувам ама тешко станувам. Никад не сум се разбудила без аларм. Никад и пред 1 не сум легнала, не можам да заспијам порано колку и да ми бил напорен денот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom