Бреј све ранобудници по пропис.
Станувам во 5:30 без никаков проблем. Пијам млака вода со цеден лимон, онака лаганини. Се облекувам и излегувам. До 6:30 ако е убаво времето трчам на кеј, ако не е убаво потење на Орбитрек или лента за трчање во домашни услови. После тоа туширање. Спремање за новиот работен ден. Па на раат спремна, доаѓа првото утринско кафе, заедно со chill out музика. Сакам утрата да ги доживувам како совршен мир и божествена тишина. Утра полни со оптимизам. 7:50 затварам врата од надвор.
Ова беше како сакам да се будам.
А како навистина се будам, е сосема друга приказна.
Јас сум од оние хронично недонаспани луѓе. Тие најслатки „уште 5 мин“.
Алармот ми е ноќна мора. Сите имаат стравови од нешто, само јас имам уплав од аларм. Најомразениот предмет
Секое утро водам борби со него. Секое ново звонење ми текнува нова желба, да го фрлам низ прозорец, да го искршам, да го изџвакам и да го голнам и.т.н. И така упорно и упорно си ѕвони и никогаш не се откажува, а јас упорно и упорно го игнорирам. Се до моментот кога со само 1 око гледам дека веќе дошло 7:20.
Еееееее тогаш со брзина на светлината се трансформирам во летечки објект. Автоматски од успорена слоу моушн снимка, уклучувам турбо. Усеин Болд сигурно би ми позавидел. Па летам во купатило на супер брзо средување, шминка, облекување. Косата ми изгледа како да сум имала блиска средба со трофазна струја, па таа ми одзема најмногу време. Во 7:50 затворам врата од надвор.
Првото утринско кафе го пијам на работа. Не дека охриѓани штедат кафе дома
Туку дека немам време.
Викенд
Мојот комшија секој викенд во 8 часот решава да цепи дрва, да расправа дневно политичко - екомонски случувања, да ја разгледува и анализира воената состојба во Украина светот и да ги брои сите маркети во градов, колку пари е маслото, лебот, шеќерот. И тоа со комшивката преку 2 двора, точно под мојот прозорец. Ако во блиска иднина прочитате наслов „ Го полила соседот со врела вода и му нанесла изгореници од 3 степен“, да знаете јас сум