Станувам 5.30, алармот ме иритира иако имам клаено што е можно посмирувачка мелодија да ме буди. Телефонот ми е дислоциран во последното ќоше во собата, за да морам да станам и да одам до него, стратегија која 'треба' да ми гарантира расонувањe, а не веднаш враќање в кревет.
Се туширам со гел од Лореал за мажи, тој шо мириса 'на мраз' и ја лади кожата на - 4С, посебно на ташакот. После тоа трк в кујна, клавам зелен чај. Не пијам кафе со години, вкусот на кафето е сон, неможам да го пијам, ми ствара болка во желудникот. Супститут најдов во зелениот чај, дознав дека во чаша зелен чај има 30 мг кофеин, а во чаша кафе 90 мг, што значи зелениот чај ми дава доволно кик без да ме печи стомакот. Плус во него има и други супстанци шо наводно држат млад. Причина зошто Јапoнците и Кореанците се згодни и на 90ет. Косата не ја сушам со фен, иако имам посебен од швајцарско производство. Ја оставам природно да се исуши, ако не, ја врзувам во bun , што после работа ми дава диви локни па сместа сум ready to mingle, дури и ако првото нешто после работа ми е купување на намирници.
Педерскиот дел од мене кој ми е најдраг - некогаш одбирам алишта уште од вечерта. Сега на пример овде залади, па знам дека на нареден состанок ќе носам темно син плетен џемпер произведен Калифорнија, со кафени чевли, фармерки од Dsquared. На градите Хуго Бос.
На лицето пред работа оди серум од француски Биотерм.