Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
...имаш право,сите големи вистини на крајот на денот се претвораат во големи лаги
...сите мали искри,знаат да запалат еден голем пожар
...колку е непредвидлив овој живот,нели @alf ?
...и кога сето тоа ќе падне од човека како лушпа од орев...остануваме голи :)
Qua vadis Domine - извика Свети Петар, обраќајќи му се на Исус на патот за Голгота..
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.123
...симболиката и значението на моето пишување нема упатство за употреба :)
...затоа и не е за секого

п.с > на @Хептаграм XI ќе му треба појака правосмумалка за чистење :)
Не бре супер сте, иако не разбирам за што се спречкавте и дали Исус нешто не научил како човештво, дали Христос учел да се молиме, дали учел дека не постои бог освен човекот... зависи колку и што знаете за учењата кои се тркалаат тајно или јавно низ човештвото низ историјата :)
Секако може да ги толкувате старите свети книги, ново време, секој е центар на својот универзум - никој не ви забранува да бидете апсолутен авторитет во однос на Христос. Може и да се сметате за Христос - ништо посебно.

Секогаш се распалува огнот кога се зборува за Христос.

И постојано некој нов, убеден во своето најдобро познавање на христијанската догма, философија и историја, знае најдобро за Христос (дури и е убеден дека има визии и Таткото на Христос му зборува на сон или како и да е) и е убеден дека тој Исус бил реален лик, роден од девица - тој нов човек се обидува да го извади Исус од матрицата на човечката историја (и најмногу да се извади од христијанството како религија) - со цел да му се даде ново значение.
Тоа е лошо. Не може ништо да го спаси стариот еон колку и да доаѓаат и да е измислуваат нови форми на објаснувања на старите религии како ова значи како она значи... бесцелно е што значи, не е употребливо.

Постојано има вакви ликови кои го „воскреснуваат“ Христос во обид да покажат како сето тоа учење и пракси има ефект врз човештвото.
А се гледа дека ефектот е непознат - кој е ефектот? Го нема нели?

За мене Христос како симбол и учење беше нужна философија на верување (упропастено од наследниците кои незаслужни наследија доволно за да го иницираат подобро човештвото но паднаа) и пракси кои ќе дојдат до исламот, кој што потоа ќе ги роди Темпларите, кои пак ќе ја изнесат на виделина скриената гноза за време на просветителството (Enlightenment) - и ете не сега :)

Со исто темпо и со иста жештина се предава едно та исто учење низ еоните! Едно и исто... :love:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
И што му рече Господ Христос на Св.Ап. Петрета?...:unsure:
Сигурно имаш дома едно парче дрво со нацртан лик со брада и долга коса на кого му се молиш.
Прашај го дрвото.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Сигурно имаш дома едно парче дрво со нацртан лик со брада и долга коса на кого му се молиш.
Прашај го дрвото.
Погрешен ти е одговорот на моето прашање...
И не му се обраќам на дрвото, туку на ликот Божји.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.123
Сакате да кажете дека зборувате со Исус Христос/Еврејскиот бог кога се молите дали на икона, дали во умот дали на глас во дневна... или јас лошо разбрав од дискусијава која потона во мрак одеднаш?
Само вие зборувате или „праќате мисли со молитва“ или и слушате повратна информација?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.110
Поени од реакции
10.138
[QUOTE="Хептаграм XI, post: 9663502, member:
Само вие зборувате или „праќате мисли со молитва“ или и слушате повратна информација?
[/QUOTE]
Dali slusame povratna informacija??????
Aman be Hepta, premnogu si dozvoluvas so ismejuvanje :anco:na nasata vera vo Boga.
Pretera!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.123
Dali slusame povratna informacija??????
Aman be Hepta, premnogu si dozvoluvas so ismejuvanje :anco:na nasata vera vo Boga.
Pretera!
Каде виде исмевање? Сметаш дека никој не може да го слушне Исус Христос?
Читај ја дискусијата помеѓу христијаните погоре... не веднаш ау ау ...

Кои сте тоа вие па велиш „нашата вера“ во бога?

Што знаеш ти за религиите, дури и за твојата - кога не читаш книги?
Многу лесно ми се дрзнуваш да ме напаѓаш и да судиш онака како ти ги разбираш и знаеш нештата, но научи нешто па влетај со опомени и обвинув ања како некој „се исмева“ за било што...
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.110
Поени од реакции
10.138
[QUOTE="Хептаграм XI, post: 9663532, member:]

Што знаеш ти за религиите, дури и за твојата - кога не читаш книги?
Многу лесно ми се дрзнуваш да ме напаѓаш ...
[/QUOTE]



Tocno e Hepta, jas sum neobrazovan vernik koj ne crpi znaenje od svetite spisi, no i vakva neuka go cuvstvuvam sekogas tvojot cinizam koga pisuvas za religiite, posebno za hristijanstvoto.....Ti mozebi si procital milion knigi, znaes se za religiite, no toa ne te pravi nisto popameten, nitu poduhoven od mene koja procitala cat pat po nesto(ne e bitno kolku knigi imam procitani)....moite soznanija proizleguvaat od iskustva od eden do drug mig, direktni iskustva, od prva raka sto bi rekle.

...i ne te napadnav, samo te karam(karam)...:D
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
[QUOTE="Хептаграм XI, post: 9663532, member:

Што знаеш ти за религиите, дури и за твојата - кога не читаш книги?
Многу лесно ми се дрзнуваш да ме напаѓаш ...


Tocno e Hepta, jas sum neobrazovan vernik koj ne crpi znaenje od svetite spisi, no i vakva neuka go cuvstvuvam sekogas tvojot cinizam koga pisuvas za religiite, posebno za hristijanstvoto.....Ti mozebi si procital milion knigi, znaes se za religiite, no toa ne te pravi nisto popameten, nitu poduhoven od mene koja procitala cat pat po nesto(ne e bitno kolku knigi imam procitani)....moite soznanija proizleguvaat od iskustva od eden do drug mig, direktni iskustva, od prva raka sto bi rekle.

...i ne te napadnav, samo te karam(karam)...:D
[/QUOTE]
...мое мислење е дека:
...интелектуалните битки немаат ограничувања @pozdrav eden topol , немаат правила на изразување
...имаат концепти и специфики,и спрема нив се насочуваат и коментарите
...не можам да го коментирам 3тото поглавје од некоја книга на А.Кроули ако не сум ја читал
...НО има право да го коментира концептот ако шатром патром го разгледал
...ова не е официјална верска дебата со резултат што влегува во аналите на историјата,туку обичен форум каде секој има свој стил на изразување :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.123
Ти реков, прашај ги оние кои дискутираа претходно за христијанството и за тоа како се зборува со богот на христијаните!
Тие спомнаа дека едниот погрешно прави што се моли на „дрво“ мислејќи на иконите...
Но ти тоа не го разбираш што зборува некој... директна навреда кон православен христијанин!


Мисли малку!!! Христијанин на христијанин е поголем волк отколку Телемит кон старите религии :D

Јас за тоа напишав, и реков дека можеби и погрешно сум разбрал - не знам ти каде дотрча да ми кажеш како „мојот цинизам“ ти смета...
Што ми е мене грижа за тоа?

И зошто сум јас виновен за тоа ти како се чувстуваш и што да направам јас во однос на твоето непознавање на „твојата вера“ христијанството? Да не зборувам како што зборувам? Ти ќе пресудиш како јас зборувам за религиите?
Па каде ми е тогаш слободата да кажам што мислам од она што сум прочитал и како сум разбрал? Не смее човек да критикува религии денес? Бидејќи ти или некој ќе се навреди? Еми кога истите зборуваат за сите други дека се секти и зло - во ред е? И тоа свештеници на твојата религија, кои осудуваат сешто е ок, но јас со „мојот цинизам“ ти правам проблеми во религијата? Ти мене сакаш да ме легнеш а? :)
Да вратиме Византија ако сакаш! :)

Тебе што те прави попаметна во однос на религиите? Што го прави човекот подуховен во однос на старите религии? Кое е мерилото?
Да се прави како што пишува во светата книга? Така? Ако не правиш така, за кај си?
Или оние стари идеи од стариот еон, кроток како јагне, смирен, со длабок поглед и останати романтичарски идеи за тоа колку е некој продуховен и ги разбира нештатаитн итн... ? Тоа умре.

Ти немаш искуства поврзани со религиите и учењата кои ги носеле со себе. Ти имаш искуства од трачарање секојдневно од тема на тема и ништо не ти е битно од ова тука.
Живеј.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Сакате да кажете дека зборувате со Исус Христос/Еврејскиот бог кога се молите дали на икона, дали во умот дали на глас во дневна... или јас лошо разбрав од дискусијава која потона во мрак одеднаш?
Само вие зборувате или „праќате мисли со молитва“ или и слушате повратна информација?
Молитвата, упатена кон Бога (или кон Мајката Божја, кон Ангелот чувар или кон Светиите), се нарекува „разговор со Бога„.

Да, преку молитвата, верникот си муабети со Севишниот. „Повратната информација„ која доаѓа од Небесата до верните, се забележува преку личниот духовен опит, однсоно преку увидот во личното духовно расположение или преку увидот во настаните кои следуваат по молитвата.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.123
Молитвата, упатена кон Бога (или кон Мајката Божја, кон Ангелот чувар или кон Светиите), се нарекува „разговор со Бога„.

Да, преку молитвата, верникот си муабети со Севишниот. „Повратната информација„ која доаѓа од Небесата до верните, се забележува преку личниот духовен опит, однсоно преку увидот во личното духовно расположение или преку увидот во настаните кои следуваат по молитвата.
Ова ми е познато и други слично зборувале од православните христијани. Затоа религијата е далеку од магика!

Но има христијани кои ја следат библијата и посебно новиот завет на христијаните и кои не сакаат да признаат дека се христијани бидејќи тоа ги потсетува на црква, хиерархија итн итн , кои пак зборуваат малку задскриено како тие зборуваат или имаат комуникација со богот Исус Христос tete-a-tete, со звук, слика итн итн...

Затоа прашав дали добро сум разбрал и ако некој е НОВ пророк од Македонија за Христос - да знаеме кој да распнеме. :)
 
  • Хаха
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Затоа прашав дали добро сум разбрал и ако некој е НОВ пророк од Македонија за Христос - да знаеме кој да распнеме. :)
Овој начин на расудување е рак-рана за целото човештво,кога се дава лик и име на човекова емоција и се прави филм!
Да ти преведам што кажа.

Христос-љубов, да знаеме која е љубовта и да ја распнеме!Па ти немаш љубов? :)
Си присуствувал на нечија свадба или на твоја?
Прашуваат таму ,ако е некој против овој брак нека збори сега или нека молчи засекогаш?
Молчењето е немо викање за - распнете го/ја (љубовта),умира и повторно воскреснуваа(бебе)!
Сите ,ама сите до еден кој биле со спротивниот пол,го распнале Христос-љубов и секој кој молчел на прашањето од матичарот/попот дозволил распнување,да не може ниту еден човек да се оправда!

Разбирам дека временскиот интервал не ви дозволува да ја видите целатаа слика,затоа и вакви смешни и простачки коментари од кој сакате да се одвоите ,па името останува засебен лик, богот е еврејски и ред други поделби ,а всушност се е во вас.

Духовноста е во вид на полжав,тоа што е во човекот, истото е и во универзумот или бог,но во вртлокот на времето кога си,не можеш да видиш!
images.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom