Ништо не знаеш ти.... мене ме иритира непознавањето на нештата покрај целиот нет што се има... простачки е некој да ликува на туѓото незнаење или мрза - немој така....
Мошти има насекаде во сите христијански цркви, ако им веруваме на свештениците... Без разлика дали се католички дали се православни.
Купишта делови од тело на Исус има насекаде низ Европа (така тврдат сите) - ќе испадне овој Исус да бил џин со 100 раце и 1000 нозе или Нефилим!
Делови од крстот на кој бил убиен Исус според римскиот обичај имало и во Македонија... кој и како ќе ти докаже тоа?
Веруваш дека е така, одиш ако мислиш дека тоа ќе ти реши проблемите, се молиш оставаш дарови и слично и voila - се е ок.
Магиката е интересна работа.
P.S. Оваа приказна ме потсетува на египетските мистерии, оние на Озирис и Изида. Во врска со фалусот
Озирис го губи фалусот во борба со Сет, а Изида го бара убиеното тело на Озирис, го наоѓа но недостасува фалусот... и со својата магија создава фалус кој што е симбол на изгубената сила на Озирис, кој што воскреснува од мртвите!
Има Стариот Египет многу што да понуди... но вие не го знаете сопственото денес, не пак да се заморувате со минатото некогаш... ако е минато