Рамна Земја?

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.566
Поени од реакции
9.126
Не се чувстувам избран од ниту една религија. Ти се чувстуваш избран од Христос да ги избавиш сите од злото на НАСА дека Земјата е центарот, а човештвото најбитното нешто во универзумот? :)
Пу пу скраја да е од мене ако религија ме избере мене и се смета таа религија за нешто посебно.
Старите религии со нивните догми дека нештата не се менуваат се апсолутно зло!

Од кога религиите се битно нешто во однос на природата уствари?
Ти се водиш по религиите за Земјата така? Земјата е рамна јер Христос таква ја направил заедно со татко му? :)
Ме заебаваш? Или за да задскриеш дека си догматик додаваш „ама јас не сум почувстувал вртење, гравитација и слично“? :)

Многу христијански финти, прозападни, да не кажам католички... :)

НАСА ти е проблем, ама Христос ти е таман? Абе ајде...
Наштимај си жиците на иснтрументот - не е добра мелодијата...
Јас многу ретко спомнувам христијанство или цитати од библијата еве ова е последен пат што ги спомнувам овде ако мислиш дека тоа ми е главната мотивација. Јас дури немам ни потреба никому да се правдам а па најмалку на такви провокатори ко тебе. Мене најубав момент од нашите дебати ми беше моментот кога се откажа да дебатираш со мене... Не знам што ти се случило во меѓувреме...
Автоматски споено мислење:

Добра ноќ на сите...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.707
Јас многу ретко спомнувам христијанство или цитати од библијата еве ова е последен пат што ги спомнувам овде ако мислиш дека тоа ми е главната мотивација. Јас дури немам ни потреба никому да се правдам а па најмалку на такви провокатори ко тебе. Мене најубав момент од нашите дебати ми беше моментот кога се откажа да дебатираш со мене... Не знам што ти се случило во меѓувреме...
Од каде ти е идејата дека Земјата е рамна? Така чувстуваш и така гледаш? :) Кој фалус фактор е твојот поглед и чувства? Можеби ти мразиш црнци - тоа значи дека таквата омраза е валидна и за мене? Каде така со чувствата?

Никој од нас нема потреба да се правда пред било кој... и сите сме провокатори, дури и ти, дури и јас... тоа е забавата на форумов.
Сигурно нема вистината со тебе да ја делиме тука... :)

Се откажав кога видов дека зборуваш за наука, а си неписмен како прво во однос на математика, а потоа и во физика... и најголемата „добивка“ во дискусиите ти е „ама ти дали си почувстувал“.
Од кога чувствата и сетилата се битно нешто во однос на реалноста на светот?

Две ракии и се ќе ти се врти бидејќи умот ќе ти биде опијанет - то значи дека ти си Господ или Сонцето, бидејќи Земјата е неподвижна според тебе и рамна?

Отече со христијански црковни сказни како Земјата е најбитното нешто во универзумот заедно со нас, големото човештво :D

Ти не смееш да спомнуваш х ристијанство, но од таму ти се овие догматски погледи кон универзумот и големата омраза кон науката... главната мотивација ти е христијанството и догмата! И нормално, купиштата теории на заговори кои се темелат на христијанските догми...
Штета што е така...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.707
Цело време и јас сум така - но наместо емотиконче убаво е да пишуваш... секако пишуваш сешто, не може да згрешиш во врска со Земјата и сонцето околу кое се вртиме, а боговите уживаат во драмата наречена човештво :coffee:
 
Член од
29 јули 2022
Мислења
3
Поени од реакции
5
Од кога чувствата и сетилата се битно нешто во однос на реалноста на светот?
Бога те создал со очи да гледаш, уши да слушаш и други сетила за да ги користиш и утврдиш сам што е твојата реалност, а не да ти кажува некој друг. Ако не веруваш во твоите сетила кои ти се дадени од оној кој те создал, како може да веруваш во Бог? Промовираш култови што се создадени од сатанисти како Aleister Crowley само како да бидеш дел од некоја група, а не по потрага по вистината.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.707
Зошто ти мене ми кажуваш кој ме мене создал и го пласираш твоето верување како факт за мене и не ме оставиш да си ја зборувам мојата вистина и искуство? :)
Сетилата се ограничување и лесно може да те залажат за реалноста... малку ракија и твојата перцепција ќе биде хаос... нели? :)
Без наочари многу луѓе не може да видат ни на 3 метра пред нив... полека со сетилата... полека и со умот кој што многумина го користат едвај колку да се каже дека го имаат... а никогаш не научиле ништо + во однос на тоа што сакаат да го дискредитираат (го прават обратното, слушаат луѓе кои зборуваат исто така негативно за другоста).

Науката те води Beyond твоите перцепции... и претходно прашав ете и тебе ќе те прашам:

Дали кога се возеш во автомобил кој што се движи апсолутно со иста брзина чувстуваш движење (ако се движиш по права линија)? Кога веќе се занимаваме со сетилата и како тие даваат огромна вистина... и зошто не чувстуваш движење, освен кога колата забрзува?

Како знаеме ако со иста сила фрламе топка под даден агол таа постојано да паѓа за точно дадено време и на точна оддалеченост од нас? Дури и да смениме што да фрламе ако знаеме густина на тело и вкупна маса, може да погодиме на исто место како и претходно?
Што е константо и постојано влијае на телата врз основа на нивната маса која зависи од густината?

Лесно е со муабети „господ светот вака онака“... и ете ти „вистина“... не така!
Зошто сите луѓе кои зборуваат дека Земјата е рамна всушност се верници во христијанството во оваа или онаа форма? Или мене така ми се чини?

Навидум неповрзани муабет иза рамна земја, но само така може човек да ви објасни за референтен систем, дел од референтен систем, дека има гравитација која нели - не постои не ја чувствувате но затоа сме заковани за Земјата како шајки на штица :)


П:С. Такаје - сите се сатанисти и само вие со теории на заговори барате излез од лавиринтот на човештвото

Ти си некој старо-нов член што сум му нагазил на прст или случајно влета баш мене да ме цитираш? :)
 
Последно уредено:

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.566
Поени од реакции
9.126
Дали кога се возеш во автомобил кој што се движи апсолутно со иста брзина чувстуваш движење (ако се движиш по права линија)?
А ако завртиш на некоја кривина ќе ја почувствуваш ли брзината? :pos:
Автомобилот претпоставувам дека ти се движи по рамна површина... За да го почувствуваме твоето движење потребно ни е да ни потврдиш прво ова:
ДАЛИ ТВОЈОТ АВТОМОБИЛ ДОДЕКА ВОЗИ ПО РАМНА ПОВРШИНА "СЕ ВРТИ СОСЕ АТМОСФЕРСКИОТ РЕФЕРЕНТЕН СИСТЕМ" ?
Screenshot_2022-08-02-17-39-21-02_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg Screenshot_2022-08-02-17-38-39-12_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg Screenshot_2022-08-02-17-38-15-65_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg Screenshot_2022-08-02-17-37-56-14_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg

Автоматски споено мислење:

Како знаеме ако со иста сила фрламе топка под даден агол таа постојано да паѓа за точно дадено време и на точна оддалеченост од нас?
Со калкулација и верба :pos:

П.С
Дали на топката ќе и влијае "ротацијата на земјината атмосфера" и зошто не?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.707
На кривина ќе го почувстувате силата која ќе те турка нанадвор од центарот на кривината и тоа зависи од острината на кривината и нејзината должина!
Пократка должина и поголема брзина, поголемо забележување на силите кои ќе те туркаат нанадвор од центарот на кривината (кривината е дел од круг од чиј центар може да се пресметаат силите кои те туркаат нанадвор)!

Атмосферски референтен систем? Глупости.

Мислиш на Земјата како референтен систем каде што колата е дел од тој систем? :)

Автомобилот се движи право, рамна површина, оди само напред (нема горе доле, дупки и слично), не забрзува, константна брзина на долг временски интервал! Ти си дел од автомобилот како систем! Седиш и се возиш!

НЕ ЧУВСТУВАШ ДВИЖЕЊЕ освен кога ќе погледнеш надвор. Ако кажеш дека чувстуваш, лажеш или си пил алкохол.
Не може да почувстуваш движње ако нема забрзување! Едноставно не можеш. Толку од „битноста на сетилата“.

ИСто како Земјата како референтен систем. Се движи низ просторот и ние со неа и не чувстуваме дека се движиме (перцепцијата ни вели да бре, стоиме во место, небото се менува туку така, господ го врте небото како платно). Стоиш мирно и се е мртвило :)
Дури и бидејќи се вртиме околу сонцето, огромната орбита што ја прави Земјата (кривина нели ти што спомна) не може да се почувствува заради големата должина на таа кривина и големиот временски интервал. Премногу сме мали во тој референтен систем за да забележиме такви сили...

Ти дури гравитацијата што те држи на Земјата велиш дека е лага и дека ти стоиш заради тоа што си тежок 105кг :)
Не можеш да го визуелизираш целиот систем што влијае ти да си на Земјата - тоа е премногу апстрактно и затоа се трудите „божјите дела“ да ви бидат упростени и едноставни. НИшто не е едноставно во универзумот. Помирете се со тоа...

П.С. Како мислиш „ротација на земјината атмосфера“? Како тоа атмосферата ротира? Сакаш да ми кажеш дека атмосферата на Земјата ротира околу „рамната“ Земја? Или дека ротира заедно со Земјата во иста насока, околу својата оска (на екваторот побрзо, на половите побавно?) :D

Бидејќи атмосферата е гасови - зависи колку високо ќе оди телото, притисокот и температурата! Пониско имаме погуста атмосфера... поголемо триење, поголем отпор на телото...
Зошто сега развиваат ракети кои ќе одат многу повисоко? За да може да прелетаат повеќе околу Земјата со помалку сила, односно помалку гориво! :coffee:
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.566
Поени од реакции
9.126
ИСто како Земјата како референтен систем. Се движи низ просторот и ние со неа и не чувстуваме дека се движиме (перцепцијата ни вели да бре, стоиме во место, небото се менува туку така, господ го врте небото како платно).
Нели е малку контрадикторно "се движи ама ние не чувствуваме дека се движи"? Овде луд јебе збуњеног :pos:
За жал тоа твое движење не е "извадено од ракав" онака тропнато од Леон Фукалт во 19-ти век нели? Иако неговото клатно се нишало тој најверојатно под чудни околности(можеби имал вртоглавица човекот) забележал дека земјата му ротира под клатното :pos:
Обичен кран ако загледаш на некое градилиште ќе забележиш дека не се ниша ама Фукоовото клатно се нишало додека му ротирала земјата :pos:
Бидејќи човекот на мистериозен начин прво измерил некоја брзина од 940 000 000 км на движење на земјата...(Ова сумиве со милиони и милијарди познати ни се нели?:pos:)А потоа си има прецизно измерена ротација од 1670км/ч или 30км/сек... Како е можно да не се почувствуваат,забележат или измерат тие 1670км/ч? На вртелешка кога би се завртил со брзина од 30км/сек дали ќе го почувствуваш вртењето? На "ролеркостер"?
Screenshot_2022-08-02-19-06-41-07_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.707
Нели е малку контрадикторно "се движи ама ние не чувствуваме дека се движи"? Овде луд јебе збуњеног :pos:
Мене ми е контрадикторно што шлепате црковно гледиште за Земјата и не ви е битна науката и се исмевате на сето тоа... а немате врска со наука. Дури и презирате наука и сето тоа ви е „измислици“. А догмите од религиите кои ги туркате тука ви се ок... лошо е така што си правите, а се исмевате на други заради сопственото незнаење :)
Но што да се прави, имате пристап до нет и сте автори на сопствен простор на нетот.

Не е контрадикторно ништо. Не ја согледуваш бесконечноста и големината на универзумот. Тебе Земјата ти е центарот и фала му на Христос тоа ти е доволно! Колку може да видеш и почувствуваш - тоа е реалноста за тебе но и за другите :)
Не може да ја почувстуваш брзината ако нема забрзување, дел си од системот! Не знам како да ти објаснам на друг начин.

Затоа го дадов примерот со колата (која ја игнорираш бидејќи знаеш дека е така, не чувстуваш ништо кога се движиш со постојана брзина нека е 300 000км/h пак нема да забележиш движење) толку обично толку мало нешто - а ти кажува дека не чувстуваш брзина ако нема забрзување.
НЕ ги разбираш силите кои дејствуваат една наспроти друга.
Тоа што чувствуваш не е мерило. Тоа што гледаш - исто така.

За Фукаловото нишало - не е нишањето проблем, туку кружното движење што го прави нишалото додека тегот се ниша околу центарот на кој е врзан кабелот од 60+ метри.
Не се нишал кабелот само напред назад или лево десно (во зависност кај се наоѓаш додека го гледаш) туку прави движење како елипса и максимумите прават круг околу центарот каде што е закачено нишалото. Тоа е доказ дека сила го турка нишалото да прави движења исцртувајќи круг, а не да оди само лево десно во права линија како кога би мирувала Земјата.
Но сепак, Земјата се врти :)

П.С. Не сум забележал кран кога не работи дали е оставена дигалката спуштена (должината да е голема на куката) и да е далеку од центарот на гравитација на кранот (подалеку од кранот). Мислам дека се собира кабелот и се поставува најблиску до кабината или до центарот на гравитација на кранот заради безбедност. Не знам зошто. :coffee:
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.566
Поени од реакции
9.126
Не ја согледуваш бесконечноста и големината на универзумот.
Од птичја перспектива ? Или да си замислам? :pos:
Не може да ја почувстуваш брзината ако нема забрзување, дел си од системот! Не знам како да ти објаснам на друг начин.
Не можеш да ми објасниш на никаков начин затоа што нема никакво "ротирање" или движење. Па зар само Фукоовото клатно од 1851-ва е единствен доказ во 2022-ра година?

Но сепак, Земјата се врти :)
Како? Каде? Кога? Зошто не се чувствува вртењето на земјата? Како е можно да има различни правци на ветрови додека земјата се врти СО РЕЛАЦИЈА ЗАПАД КОН ИСТОК? Зошто не постои КОРИОЛИСОВ ЕФЕКТ за авионите ?
Screenshot_2022-08-02-20-23-18-31_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.707
Од божја перспектива. Од перспектива на Исус Христос. Но тоа не можеш да го направиш бидејќи си закопан со погледот на Земјата и само сенките од сонцето ти се битни на Земјата.

ЈАс ти објаснувам цело време и тоа со прости примери, но ти не ме разбираш ниту сакаш да ме разбереш. Целта е да се вергла „Нема доказ“ а реално ти не можеш да сфатиш што ти зборувам (или не сакаш). Бирај.

Како еден друг член од Религија подфорумот на времето си ти: пак истото па истото додека не се откаже човек во дискусиите (а тоа го сакаш знам) - Зошто не го чувстувам вртењето.
Ти кажав погоре зошто не можеш, сто пати ја спомнавме колата или движење општо без забрзување - не може да почустува човек движење ако нема забрзување и ако си дел од системот што се движи. НО ти одбиваш да ти се прекрши верувањето дека Земјата е центарот, боговите ја создале и тоа е тоа.

Има ротирање, но ти не сакаш да разбереш - едноставно мразеш наука и ти е помила црковната догма и упорно едно та исто...

Ок, верувај дека е рамна Земјата - јас не сакам тебе да те убедам во спротивното, туку малку придонесов за темава за да подразмислат за нештата луѓево што ќе читаат, не е се во чувстувањето - иако ќе привлече повече луѓе кои веруваат дека Господ ја создал рамна земјата и таа е центарот... отколку што би се заморувале со наука. Тоа е тоа... да сме живи и здрави. Та нема да ја сопреме Земјата од движње на еден форум Кајгана :)

Полесниот пат е најдобар за некои луѓе.

P.S. За ветерот ќе читаш малку и за атмосфера и притисок :) Ти ептен замина со догмата црковна... уште малку да ми кажеш дека ветер има бидејќи така боговите сакаат или тоа бидејќи „дишат“ :)
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
ЈАс ти објаснувам цело време и тоа со прости примери, но ти не ме разбираш ниту сакаш да ме разбереш. Целта е да се вергла „Нема доказ“ а реално ти не можеш да сфатиш што ти зборувам (или не сакаш). Бирај.
Со сиот памет зема да објаснуваш на лик кој кажува дека ништо не постои, се е у нашите глави:
Ти пишав веќе дека поимот рамна земја означува стационарна и неподвижна земја. Нема "универзум", "вселена", "ротација", "вртење", и разни други чудесии од "земјата на чудата".
понекогаш ќе лупне и бисер, ама и ќора кокошка успева некад:
се прават натални карти туку движење на ѕвездите.
Мислам дека досега требаше да сфатиш дека се работи исклучително моќен лик:
1659469358796.png
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.707
Со сиот памет зема да објаснуваш на лик кој кажува дека ништо не постои, се е у нашите глави:
Прво од забава и беше интересно - ама почна како религиозните фанатици постојано да се навраќа на исти прашања... као демек не е ништо објаснето (како да јас сум крив што не може да разбере намерно или не).

Не знаев дека е ваква ситуацијата и до кое дереџе е дојдено. :)

Ликов е христијански фанатик кој што ги обожава црковните догми само сето тоа го крие (барем од оние кои не се упатени во догмите) и зборува за „науката“ колку не ја бидува... и се е тоа фантазија... но богови што создаваат светови е реалноста на светот!

Ме иритира тоа малку... и ме плашат такви луѓе, способни се за сешто, бидејќи ако не чувстуваат - не постои!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom