На кривина ќе го почувстувате силата која ќе те турка нанадвор од центарот на кривината и тоа зависи од острината на кривината и нејзината должина!
Пократка должина и поголема брзина, поголемо забележување на силите кои ќе те туркаат нанадвор од центарот на кривината (кривината е дел од круг од чиј центар може да се пресметаат силите кои те туркаат нанадвор)!
Атмосферски референтен систем? Глупости.
Мислиш на Земјата како референтен систем каде што колата е дел од тој систем?
Автомобилот се движи право, рамна површина, оди само напред (нема горе доле, дупки и слично), не забрзува, константна брзина на долг временски интервал! Ти си дел од автомобилот како систем! Седиш и се возиш!
НЕ ЧУВСТУВАШ ДВИЖЕЊЕ освен кога ќе погледнеш надвор. Ако кажеш дека чувстуваш, лажеш или си пил алкохол.
Не може да почувстуваш движње ако нема забрзување! Едноставно не можеш. Толку од „битноста на сетилата“.
ИСто како Земјата како референтен систем. Се движи низ просторот и ние со неа и не чувстуваме дека се движиме (перцепцијата ни вели да бре, стоиме во место, небото се менува туку така, господ го врте небото како платно). Стоиш мирно и се е мртвило
Дури и бидејќи се вртиме околу сонцето, огромната орбита што ја прави Земјата (кривина нели ти што спомна) не може да се почувствува заради големата должина на таа кривина и големиот временски интервал. Премногу сме мали во тој референтен систем за да забележиме такви сили...
Ти дури гравитацијата што те држи на Земјата велиш дека е лага и дека ти стоиш заради тоа што си тежок 105кг
Не можеш да го визуелизираш целиот систем што влијае ти да си на Земјата - тоа е премногу апстрактно и затоа се трудите „божјите дела“ да ви бидат упростени и едноставни. НИшто не е едноставно во универзумот. Помирете се со тоа...
П.С. Како мислиш „ротација на земјината атмосфера“? Како тоа атмосферата ротира? Сакаш да ми кажеш дека атмосферата на Земјата ротира околу „рамната“ Земја? Или дека ротира заедно со Земјата во иста насока, околу својата оска (на екваторот побрзо, на половите побавно?)
Бидејќи атмосферата е гасови - зависи колку високо ќе оди телото, притисокот и температурата! Пониско имаме погуста атмосфера... поголемо триење, поголем отпор на телото...
Зошто сега развиваат ракети кои ќе одат многу повисоко? За да може да прелетаат повеќе околу Земјата со помалку сила, односно помалку гориво!