Сакам да се префрлам од моменталната банка во некоја друга поради делумно незадоволство.
Углавном, банката во која што сум моментално смета дека не треба редовно да си ги пунат АТМ машините (банкоматите), иако само една подружница имаат во цел град и сите кои што се во таа банка од тој истиот еден банкомат ги вадат парите.
Неколку пати се има случено картицата нивниот банкомат да ми ја одбива, а и во продавница ми се има случено да ми биде одбивана, иако истата е комплетно валидна и има средства на неа, па сум бил приморан да одам по банкомати од други банки, да плаќам провизија за да си ги подигнам парите кои што сум си ги заработил поштено.
Истотака, мојот работодавач не соработува со таа банка, па платата ми стига последен од сите колеги.
Ми треба предлог за нова банка која што е стабилна, си ги пуни банкоматите редовно, постои можност за издавање на дебитна картичка, како и трансакциска, е-банкинг и можност за праќање на средства од телефонска апликација преку мојата трансакциска на друга трансакциска, но и да вреди од истата да се земе кредит (доколку некогаш за тоа има потреба).
Постари форумаши, ќе ве замолам за предлози и искуства, фала ви!