Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Procredit ја пуштиле официјално новата E bank апликација. Не знам точно од кога ама јас сега приметив бидејќи ја нема веќе старата на AppStore и PlayStore иако старата ако ви е инсталирана може и понатаму да се користи.

За да ја користиш новава апликација мора да се одјавиш од MobileSign апликацијата.

Оваа новава апликација нема потреба за секое ново користење да се најавуваш со корисничко име и лозинката туку еднаш тоа го правиш, си ставаш безбедносен пин и со него се најавуваш. Нема користење секогаш на MobileSign што е добро бидејќи не секогаш добро функционираше на старата апликација.
 
Имам сметка во Капитал Банка која не на користам.
Пред некој ден ова ми дојде по препорачано писмо.
А за писмово да се разбере изгледа треба човек да биде правник.
Ова со 300 денари месечно не разбирам што им значи.
Периодов не сум во можност да појдам кај нив па затоа овде пишувам.
1775922544573.png
 
Гледам ми стигна порака за да земам пинк код за онлајн плаќања па ме интересира без тоа не ќе може да се плаќа?

Е сега ТТК банка бара да дадеш податоци од матичен број и број од платежна сметка за да ти даде код. Мајка ми не го знае тој број од платежна картичка а мислам нема ни онлајн банкарство за да го види тој број. Ќе мора да се иде во банка за да ти го кажат или има некој друг начин за да се најде бројот на интернет?

Ми треба за плаќање ова бидејќи некогаш се користи од мајка ми картичката за плаќање сметки.
 
Бројот од платежна сметка ти го пишува на картичката, инаку не знам како е на ттк ама и на другиве конкретно кај нлб заради дополнителна безбедност (и трошок веројатно) сега не стасува кодот преку смс туку мора да инсталираме апликација плус нлб pay
 
Немав поим кај да прашам - има две теми за платежни картички, една општа и една за Mastercard, едната од 2009, другата од 2014, со по 3 мислења во нив. Дали некој користи/користел Mastercard Platinum платежна картичка и ако да, дали ги користел неколкуте аеродромски услуги кои ги нуди самата картичка?
 
не знам која од премиум функциите ти е приоритет но ајде види овде дел од привилегиите се укинуваат за картичките издадени во мк.
 
не знам која од премиум функциите ти е приоритет но ајде види овде дел од привилегиите се укинуваат за картичките издадени во мк.
Не бе Fast Track, тоа секако се плаќаше, не добивавме free pass. Туку на пример Flight Delay Pass. Веќе не можам да се најавам на сајтот, вика дека картичката не е поддржана, а не сфаќам зошто. Порано функционираше нормално.
 
Дали тече камата на резервирана средства на кредитна картичка?
 
Kaко е ова можно?
Банките не гарантираат за безбедноста на содржините на ваквите сефови? Како е регулирано ова?
 
Kaко е ова можно?
Банките не гарантираат за безбедноста на содржините на ваквите сефови? Како е регулирано ова?

Никогаш не ни гарантирале. Но мора да докажат и покажат кој го има отворено сефот. И да ти го дадам мојот клуч од сефот, вториот секогаш го чува банката, и не можеш да го отвориш сефот, ако не ги имаш и двата клуча истовремено.

Плус собата е под камери, освен централниот панел кој овозможува приватност.
 
Oстанува прашањето како е ова можно... Ако ја изземеме можноста корисничката дека лаже и прави обид за малверзација.
 
Back
На врв Bottom