Не е битно колкаво е нивото на санкциите. Битно е дали тие кои ги воспоставија можат да ја издржат штетата и дали санкциите вакви какви што се, можат да имаат особено влијание врз текот на војнава.
Санкциите, инаку, се супер. Дали влијаат на текот на војната? Доволно зборува фактот што Русија од Западот доби повеќе пари за енергенси по почетокот на санкциите, отколку што добиваше пред тоа.
Целата статија е пропагандно дело, но најжалната работа не е што е пропаганда, зошто тоа сепак е нормално и очекувано. Тоа што е изненадувачки е нивото на истата. Ваков текст би бил очекуван од некој наши медиуми како Сител, Телма или порано А1 но од foreignpolicy да излезе ваков текст, доста кажува за катастрофалниот пад во квалитет. И искрено се повеќе се потврдува една изјава што ја прочитав дека цела Европа во моментов ја водат Заевци.
Санкциите како санкции функционираат само против мали држави, изолирани држави или држави без никакви природни ресурси. Ако една Северна Кореја и Куба можат да издржат санкции веќе колку 70+ години, да мислат дека санкции врз Русија и тоа не ни глобални санкции е смешно. Иран е под санкции веќе 50+ години и во тие 50 години они буквално успеаа да ги елеминираат сите непријатели на своите граници..
Али најсмешен дел од текстот ми беше како ете знак за пропаѓањето на Руската економија ќе било дека годинава ќе ја завршеле со дефицит од 2% од БДП . Па пола Европа тера буџетски дефицити од по 4%+ во време на економски бум, Италија на пример има од 6% до 9%.. Да имаш дефицит од 2% за време на офанзивна војна и економска војна не е одлично тоа е скоро нечуено. Америка нема завршено година без најмалку 5% дефицит.
За Русија да стигне до просечното задолжување на Европа и Америка од 100%+ ( моментално се на 20%) со ова темпо од масивен 2% дефицит, еве и 4% нека биде ќе им требаат едно 20 години да ги стигнат. А тука не се земаат и во предвид 300 милијарди девизни резерви ( и уште 300 блокирани во ЕУ) и уште 150-200 милијарди во златни резерви.