Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми ставај сега сол на рана :place: Можно е и годинава на саем да го имале Болањо во таква комбинација ама стварно не сакав да ја малтретирам другарка ми (браво за мене). Не знам зошто сите тие книги не ги стават во каталогот како листа.

Баш по ова се водев. Дел од книгиве ми требаат, дел едвај чекам да ги читам и ги спремав сите заедно оти кога и да сакам да нарачам најмногу ме одвраќа каргото (секогаш се бркаме по три дена). Единствен предуслов ми беше да имаат барем околу 40% попуст. Во просек испаѓа дека попустот е тој.

И додека сум на темава - дечки, ако некој ја види Златна грана на Фрејзер низ групите за продажба, ве молам пишете ми.
Screenshot_20220713-100436_Facebook.jpg
Прашај ако е слободна уште :)
 
20220723_104657.jpg

Списокот вика дека ми фалат уште само 8 за комплетирање на цела едиција (нешто што не го ни сонував пред неколку години :aplauz:):

1. Наивен. Супер - Ерленд Лу
2. Смешни љубови - Милан Кундера
3. Бесмртност - Милан Кундера
4. Варијантата Линебург - Пауло Мауренсиг
5. Тонио Крегер / Тристан - Томас Ман
6. Името на розата - Умберто Еко
7. Игра со стаклени монистра - Херман Хесе
8. Историја на светот во 10 1/2 поглавја - Џулијан Барнс

+еден дел од Волшебниот рид - Томас Ман

45 книги собрани :P

20220723_104703.jpg
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 339428

Списокот вика дека ми фалат уште само 8 за комплетирање на цела едиција (нешто што не го ни сонував пред неколку години :aplauz:):

1. Наивен. Супер - Ерленд Лу
2. Смешни љубови - Милан Кундера
3. Бесмртност - Милан Кундера
4. Варијантата Линебург - Пауло Мауренсиг
5. Тонио Крегер / Тристан - Томас Ман
6. Името на розата - Умберто Еко
7. Игра со стаклени монистра - Херман Хесе
8. Историја на светот во 10 1/2 поглавја - Џулијан Барнс

+еден дел од Волшебниот рид - Томас Ман

45 книги собрани :P

Прегледај го приврзокот 339429
Од каде? Хахах
Тонио Крегер ја има кај Блага и кај оној Александар што има фб страна Kniga za sekogo.

За другите со среќа во потрагата :)
 
Книжарница Просвета, Охрид. Лани од таму ја зедов Мансарда од Киш, годинава одлучив да соберам се останато што немам. Малку скапички се, ама си побарав попуст, дека 8 книги вкупно зедов, и ми дадоа, до душа само 10%, ама и тоа е нешто. За тие што сакаат да земат нешто, еве што остана (минус тие што ги зедов јас):

20220721_175509.jpg
20220721_175512.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom