Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Си ја најдов Фукоовото нишало. Од Табернакул ми останува да ги најдам уште Името на розата, Бесмртност од Кундера и Тунел од Сабато. :angel:

Сфинга на гневот лани беше во трка за прво место за роман на годината ама не победи. Ја земав ефтино и тоа со тврди корици, на сликата не изгледаше дека е со тврди корици се изненадив. :)
20220527_235119.jpg
 
Колку ја плати Болањо?

Од кај ви се бе толку ПРОаЗИ?

И мене тоа ми падна чудно. Посебно таа на Русјаков јас ја земав пред неколку години и тоа со тешки маки ја најдов уште тогаш.
 
Од кај ви се бе толку ПРОаЗИ?
Вистинско богатство :vozbud:
Ќерката заминала во странство, а на мајката и сметале, па решила да се ослободи од нив. Ме чинеа само 500 денари сите и тоа не сакаше да ги земе :vozbud:
 
Благодарение на способноста на карго службите, и покрај тоа што саемот заврши пред три недели, моето купче мораше да пропатува 600км преку седум гори, брда и долини за да стигне кај мене. Во Македонија сум инаку, да.

@Sussaro, 350. Се сеќавам дека на некоја акција во 2019та беше стотка. Почна пандемијата, читателската секта од фб почна да граба книги само зашто се на голем попуст и така Три малку се вразумија. Сакам да верувам дека вака ќе ги дочекам и италијанските приказни на Калвино ама со нивната сегашна политика...знам дека ќе е тешко.
 
Во декември беше во насловите пакет три книги за 499.

Три со новогодишен каталог. Асалните попусти се на крајот. Пак да се повторам, 2666 од Болањо е нешто што не се испушта.

Уште стои линкот до новогодишниот каталог, на 63-та страна. По н-ти пат се потврдува дека не е човек на саем да купува, преку годината во рамките на тие други попусти на книжарите што им се летни, новогодишни итн... многу поасални цени имаат. На саем знаат дека се бере кајмакот и ги ставаат книгите од 799 на 699 денари, мада во случајов и таа е ок цена за таа книга.
 
Не ми ставај сега сол на рана :place: Можно е и годинава на саем да го имале Болањо во таква комбинација ама стварно не сакав да ја малтретирам другарка ми (браво за мене). Не знам зошто сите тие книги не ги стават во каталогот како листа.
мада во случајов и таа е ок цена за таа книга.
Баш по ова се водев. Дел од книгиве ми требаат, дел едвај чекам да ги читам и ги спремав сите заедно оти кога и да сакам да нарачам најмногу ме одвраќа каргото (секогаш се бркаме по три дена). Единствен предуслов ми беше да имаат барем околу 40% попуст. Во просек испаѓа дека попустот е тој.

И додека сум на темава - дечки, ако некој ја види Златна грана на Фрејзер низ групите за продажба, ве молам пишете ми.
 
И додека сум на темава - дечки, ако некој ја види Златна грана на Фрејзер низ групите за продажба, ве молам пишете ми.
Ја имаше, многу пати, ама прескапа - 100 евра еден ја даваше.
 
abe sefte ja gldam temava!
Ama koko sto gledam baajgi citateli/ki imalo.

Eve sto zedov posledno vreme,
Ja citav na germanski ama se nadevam ja ima i prevod:

Inace vistinska prikazna.

vredi da se procita.

I uste edna odlicna, Prisutnost od Jerzy Kosinski (E i filmuvana)

Конечно пристигна :vozbud:
Чекаа да им се јавам на нервна база и се по список да им наредам :icon_mrgr: па пристигна експресно за неколку часа од повикот.
Потребно е цела недела за да се достави на растојание од 200км. Пешки да ја носеа, побрзо ќе стигнеше. Веројатно на желка патуваше :свиркам:

IMG_20220607_195434.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom