- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Јас уште не разбрав кој е крив. Убо беше ко се трчаше по штабови со списоци за вработување. Луѓе со два реда школо станаа писари, а во нормални услови плафон ќе им беа метлата и лопатата. Па во овие три декади откако глумиме држава нема фамилија која што на еден или на друг начин не била партиски компромитирана. Некои се прешалтуваа од една во друга партија. Пола држава е на партиски списоци, другата половина е со бугарски пасоши. Скоро и да нема куќа каде што не влегуваат буџетски средства, дали плати или пензии. Има фамилии сите до еден што се вработени преку партија на државно. Приватни фирми егзистираат на ист принцип. Крони капитализам пуштен на најјако. Да постои вистинска капиталистичка доктрина и пазар на идеи и конкурентност, пола од нив ќе пропаднат уште утре.
И во вакви околности, кога некој ќе се исправи пред изборот партија или држава, што мислите, што ќе одбере? Лопатата и нивата или кафе пауза сред работно време? Фабричка хала сред лето без клима или канцеларија со три клими вклучени? Поле во Август или плажа на Халкидики?
Реков еднаш, пак ќе речам, да се има држава бара жртва и работа, ние не сме спремни ниту за едното ниту за другото. Милион пати е кажано дека овој систем не е одржлив на долг рок, не создава вредност. Неговиот колапс ќе ја повлече со себе и државата во бездна.