Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Бајги апатични денови, си одат во позадина од Казалиште стиховите “Vlakovi, nek me sad otfuraju nek me sad odguraju, mostove sam spalio malo mi je sve dosadilo", скролам по Фб и само гледам објава:

1657584715927.png

И коментар под неа:

1657584741884.png

Одма е друго, одма доаѓа надеж за подобро утро :D
 
Кајги, еве веќе дванаеста година како сум на форумов, сум дискутирал со многу твои членови, сум се смеел, сум се карал, сум пцуел, сум барал совети, букално сум делел мислења со секакви луѓе. Е сега има една подкатегорија на членови со кои никогаш, ама баш никогаш не сум започнал дискусија овде, за нитуедна тема, ама го имаат моето длабоко почитување за нивната улога во форумов... Еве пример ќе го издвојам комрадот @Kornet ... Не дискутира многу, влага поставува слики и излага...Е кажи ми сега, како можеш да мразиш ваков член?

IMG_20220712_092843.jpg


ОК, можеш да го мразиш едино ако си @Shakespear , but that's another story...

Респект(y)
 
Интересно е да се види како со тек на време форумов еволуира. На повеќе теми е, ама еве да ја земеме темата Пиво за пример.

Мислења на првите страни од темата Пиво:

„Скопско е најдоброто пиво, извинете не пиво, најдобрата течност некогаш создадена и некогаш што ќе постои во просторот и времето.“

„Крале Марко во пластика е амброзија за боговите. Кога го пијам осеќам како ангели го галат мојот стомак.“

„Еднаш пиевме Горско во пластика, од толку што беше добро ја изедовме и пластиката сосе етикета.“

Мислења на последните страни од темата Пиво:

„Ми носи едно човече пиво, он е монах и таму на падините на една планина во Бохемија го бере хмељот па после пешки во волнени вреќи го носи во Германија во една пивница покрај долниот тек на реката Елба, кај што додека ферментира монахињи девици кажуваат молитиви на латински. Добро пиво, не е лошо.“

„Јас повеќе преферирам Белгиски пива. Има една пивница што ја посетувам кога сум во близина на Бриж, таму во пивото ставаат солзи од плавооки непалски деца, било поврзано нешто со текстурата на пивото и морам да признаам стварно има ефект и текстурата е извонредна. Па за 120 евра флаша не е лошо пиво за парите.“

„Еднаш пиев пиво произведено од овие пивнициве што се наоѓаат прилично јужно од Виена и толку ми се слоши, мислам дека го посрав желудникот во веце.“
 
Безволно и немо ги следам политичките случувања во Македонија и низ светов воопшто. Станав тоа што го презирав, апатична, од немоќ.
Седиме синоќа со моиве и вечераме, мојов зачна некои политички дебати кои повеќе наликуваа на монолог. За првпат во животов не знам што да кажам и сум целосно изгубена, пак ќе повторам, немоќна.
Само една мисла ми се врти во глава, „во каков свет донесов едно невино дете?“. Не дека, историски гледано, некогаш било подобро, ама сепак...
 
А нели го предвидов тоа госпоѓо и тоа одамна кога пола лејка ти беше избричена? Што ти реков? Иначе не се секирај, не се апатизирај, ништо страшно, то су само први знаци, први знаци да те сјете, лете ти лете, тридесете.

 
ДК
Грозни работи ни се случуваат во државава… и сама знаеш колку тешки теми носиш!
А мене пак, едино нешто што ми дава мир е една гркиња! Баш така драга, нема зборови што ќе ја опишат оваа иронија!
“Ој животе сармо растурена..!”
 
Драга Кајгана,

Гледам Сусаро пишал краток пост овде, па затоа јас ќе пишам малку подолг.
Денес започнав со обуката пред качување на брод за мојата нова фирма. Бидејќи сме една од најголемите групи на обука досега не поделија во 10 групи за вежбите кои се оценуваат и вежбите кои не се оценуваат. На вежба каде што нема оценување тренерот ја прашува колешката црнкиња од Јужна Африка со која историска или сегашна личност би сакала да седне на кафе, и типкава ни 2 ни 3, Хитлер. Цела група :eek: и после кажа дека би сакала да дознае зошто станал таков како што станал. Ние уште во шок. Потоа таа вика може да кажам уште една личност? Тренерот вика, да, имаме време... и таа вика Митлоуф и цела група :roker:
Мали се шансите, ама се надевам дека ќе се погодам некој ден со нејзе на ист брод. Од одамна не сум бил вака заинтригиран од некоја девојка.
 
Има некој notion во темине за бугарите дека незнаеле кај тераат, пошто себеси се крстеле во косооки жолтокожи вјавачи од Азија, а денес немале допирна точка со нив. Чекај, како тоа немааат врска со нив, вие сте сретнале бугари во животот уопште? И те како имаат репрезентативци кои и те како потсеќаат на нивните пра прастари бугари, типични турци, од генката азиска не се бега. Бојко Борисов, Словен да не е? Боже мој каква грозна сорта е тргната да ака по нас. Лошо. Кој кур ги навеа на балканот, а и опасно многу мразат Власи, иако пробуваат да се инфилтрираат и/или протнат меѓу нив.

Деновиве сум Шварцвалд, ако сретнам еднорог во шумата ќе наточам солзи за пиво. Од другите теми екстремно важни по човекото битосување и по крахот на општествениот поредок од најстари времиња па до денес - една гркиња на Quora се радува дека фиромјаните конечно ќе се откажеле од Александар пошто сакал мажи. Евенезнам.

Една Хрватица на инста се слика само Хрватска, а Мерцедесо брчи до Париз. Па квоутс, Хрватска била полна живот. Бејб, пола од вас овде сте, ама битно таму било полно живот. Ноут ту селф, да не пишувам така наредно враќајне Мкд.
 
Добро утро на сите освен на луѓето кои паѓаат во екстаза и делириум на песните на Теа Таировиќ, на луѓето кои се лавови во хороскоп и мислат дека се стварно лавови, на жените што носат крзнени чизмички во лето и нормално на Византиецот.
 
Драга,

не знам што да ти кажам за да се насмееш ама зажалив што отворив фб после 100 години и што одма ми излезе хумор левел - тетка. Рекламава може да се искористи и за торта.

Инаку фаќајте сенки, пак времево ќе запече хеххеехе
Screenshot_20220713-130911_Facebook.jpg
 
ДК

Сабајле идам за Немачка да ја слушнам конечно песната ради која почнав да слушам гитари воопшто. Ја свиреа речиси на сите концерти од турнејава треба да сум тежок малер нешто да се деси да не ја свират во петок. GnR ми се во срце одамна иако после нив заслушав и многу поинакви и пожустри стилови на музика па имаше периоди и кога ги имав подзаборавено и подзабаталено али секогаш беа тука негде. Терминаторот е крив нормално, мојот омилен филм што ја засакав првично песнава па после и бендот.
Идеме да ја слушаме "Терминаторот" во живо :roker:


 
Драга Кајгана,

Гледам тука видеа по јутјубов, па ми текна една работа... Дали девојчето што се омажи за Белгија, пред две недели била на концертов?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom