Ова не е европска иднина, ова е бугарска иднина за нас.
БУГАРСКИТЕ ПОЗИЦИИ СТАНАА ЕВРОПСКИ Петков го пофали францускиот предлог како исклучително добар
Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за БТВ, предлогот на француското претседателство со Европската унија го оцени како исклучително добар кој направил бугарските позиции да станат и европски, јави дописникот на МИА од Софија.
Она што сега се случува во Северна Македонија, вели Петков, е поради тоа што ним им е многу тешко да ги прифатат тие позиции во моментов, но, како што вели, тие тоа треба да го направат ако сакаат да изберат европски пат.
– Во Северна Македонија треба да сфатат дека ако сакаат да се развиваат, европскиот пат е единствениот пат за таа држава – вели Петков.
Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков ја пофали и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од партијата на Слави Трифунов и неговата надворешно-политичка екипа за работата за прашањето за Македонија.
plusinfo.mk