Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мојата, од Или-Или, е 179 стр. Сакаш да ти го сликам крајот или нешто слично?Дечки најдов пдф на српски, не е малку 130 страни? Се мислам да нè не е целосна.
Овде зборуваш само за себичноста на Хана или виде себичност и во однесувањето на Берг? Дали прстот на себичноста можеме да го впериме исклучиво кон Хана или и некои негови постапки ќе ги оцениме како себични?Себичноста, проткаена во одговорноста се прелева и на вториот дел на книгата.
Има елементи на себичност кон неговата жена, дел од причините за нивниот развод, но себичноста на Хана е изразена на неколку нивоа.Дали прстот на себичноста можеме да го впериме исклучиво кон Хана или и некои негови постапки ќе ги оцениме како себични?
Берг промолчува затоа што чувстува вина и срам ако се дознае за нивната врска. Плус и тој самиот ја осудува кога ќе дознае дека работела за нацистите, како што младите ги осудувале нивните родители. Родителите на Берг не соработувале со нацистите па тој нема проблем со нив.Се сложувам во целост за нејзината себичност. И јас го мислам истото. Нејзината себичност беше очигледна.
Ама мене поинтересна ми беше себичноста од негова страна. Нели е себичност да ја знаеш вистината и да ја премолчиш? Доби прилика да ја каже вистината и да го (можеби) промени целиот тек на самото судење, а тој во клучен момент одлучи да молчи.
И таа добива прилика и можност да ја каже вистината и да го промени (можеби) целиот тек на самото судење. И двајцата во клучен момент одлучија да молчат, секој со свои причини - ЗАТОА ШТО.
Со својата постапка Берг правно и морално стана соучесник.
Воопшто не е важно зошто премолчува, важно е дека премолчува. А со самото премолчување станува соучесник. Тој го имаше клучот во своите раце, ама сепак реши да молчи.Берг промолчува затоа што чувстува вина и срам ако се дознае за нивната врска. Плус и тој самиот ја осудува кога ќе дознае дека работела за нацистите, како што младите ги осудувале нивните родители. Родителите на Берг не соработувале со нацистите па тој нема проблем со нив.
Книгата не ми е читана , но гледан ми е филмот пред неколку години ( додуша деновиве пак го ѕирнав бидејќи го даваа на тв ) . Прилично добро е направен филмот , а ко шо гледам од коментарите погоре изгледа дека верно е прикажана книгата во самиот филм. Се сложувам со Темнатадама дека Михаел Берг и морално и правно е виновен за пресудата над Хана . Ако не друго , имаше правна обврска да интервенира во судењето и да го каже тоа шо го знаеше за Хана ( дека е неписмена ) . Нели одеа со неговиот професор по право да го гледаат судењето . Што се однесува до Хана , ми се чини дека нејзиното лажно сведочење пред судиите ( за тоа дека дека таа го напишала извештајот ) не е толку заради срамот да не се дознае дека е неписмена , туку заради грижата на совест за пожарот и затоа решава да каже дека извештајот е нејзин ( и поради тоа да ја осудат ) . Шо се однесува до нивната љубовно\сексуална врска не видов ништо лошо во неа па ни во наглото завршување на истата од страна на Хана . Точно е дека врската силно влијаеше на целиот живот на Михаел , но мислам дека тоа влијание не беше негативно .