Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Дечки најдов пдф на српски, не е малку 130 страни? Се мислам да нè не е целосна.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Дечки најдов пдф на српски, не е малку 130 страни? Се мислам да нè не е целосна.
Мојата, од Или-Или, е 179 стр. Сакаш да ти го сликам крајот или нешто слично? :)
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Сликни го крајот да споредам, ама у порака да не му расипеме на некој :D
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Бернард Шлинк - Читачот
Ја прочитав книгата пред неколку дена ама никако да се наканам да напишам збор-два за неа.

Нема да ја прераскажувам книгата бидејќи нема поента да го правам тоа, сите што сме тука сме ја прочитале или ќе ја прочитаме.

Ќе го кажам моето видување.
Кратка книга, поделена на три дела кои ги прикажуваат главните ликови во различна доба од животот. Секое поглавје е околу две страни па тоа прави побрзо да се прочита делото, тука помага и лесниот стил на авторот.

На прво читање ми се допадна и на goodreads ставив оценка 5☆, ама еве неколку дена потоа откако помина еуфоријата ставив 3☆.

Книгата е добра ама изгледа како недовршена. Има само два лика Хана и Михаел и тие не се доволно разработени. Ми фали малку позадина на Хана, малку повеќе опис. Михаел е за нијанса подобар, сепак приказната ја следиме од негова перспектива, ама ми фала малку повеќе опис за неговите чувства.
Споредни карактери речиси и да нема.

Холокаустот како е табу тема во Германија од разбирливи причини, особено за генерациите после војната. Ама и тој дел млако го обработува, барем не доволно за да предизвика кај мене нешто. Кај Германците несомнено допрело ова па романот добил на популарност.

Во вториот дел дава интересен поглед за правото, дали да им се суди на обвинетите зошто законот е донесен откако го извршиле делото.

Друго што ми се допадна е кога Хана го прашува судијата "а ти што би направил?"
Прави да се ставиш на нејзино место и да размислиш како ти би постапил.

Не е лоша книга дури и си порачав копија на македонски која ќе ја прочитам во иднина, само изгледа имав некои преголеми очекувања кои книгата не ги исполни.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Истиот впечаток и јас го имав за книгата, како истата да не е доработена и малку плитка. Тематиката и приказната е прилично интересна. Враќање на црното минато што те прогонува во едно ново поинакво општество и како еден човек е суден за нешто што во минатото било нормална работа во такви различни околности. Исто така интересна е приказната и за срамот на Хана поради нејзината неписменост и подготвеноста да трпи ултимативна казна за сметка на тој срам да остане тајна.

Да се надоврзам на тоа ново и поинакво општество, исто тука и би го додал генерацискиот јаз кој провејува низ книгата, каде што младите Германци му судат и го обвинуваат секој постар Германец за тоа како можеле да седат мирно и да ги гледаат и да бидат учесници во таквите грозоморни работи, не разбирајќи ги различните историски околности на тоа време. Тука може да се нацрта една убава слика за колективната траума низ која поминува германското општество.

Мислам дека тука со оваа приказна имало простор за едно вистинско ремек дело од негде 400 страници, да се склопи една убава приказна покривајќи ги сите овие помали приказни на едно подлабоко ниво. Некако мене книгата ми е пребрзо завршена.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Читачот - Бернхард Шлинк

Морално разорна, психолошки комплексна, фантастично елегантна приказна, за љубовта и предавството, за вистината и помирувањето, за злосторството и казната, за личниот избор и моралната одговорност, за индивидуалното и колективното чувство на вина, за знаењето и не знаењето, за постапките и каењето, за минатото и иднината. Толку мал роман, само 180 страници, а претопен и удавен во емоции, кој ќе ве остави со еден куп прашања, на кои е тешко да се даде точен одговор. Што е правилно, а што е погрешно?

Дали да се разбере или да се осуди една љубов помеѓу 15 годишно момче и 36 годишна жена?
Дали да се разбере или да се осуди едно злосторство?
Кога човек се обидува да го разбере, тогаш чувствува дека не може да го осуди онака како што заслужува. Кога се обидува да го осуди, онака како што треба да се осуди, тогаш не останува ни малку простор за разбирање. А осудувањето и разбирањето не одат заедно нели? И повторно доаѓаме до крстопатот наречен што всушност е правилно, а што е погрешно?

Започнува како една најобична љубовна приказна помеѓу едно момче (всушност дете) Михаел Берг и една зрела жена Хана Шмиц. Страстната љубовна врска нагло се прекинува кога Хана без збор исчезнува од животот на Берг. Нивната животна приказна повторно се испретплетува кога повторно неочекувано се среќаваат во судница, но овој пат на обвинителната клупа седи Хана, како припадник на нацистичкиот режим, обвинета за извршување на нацистички злосторства против човештвото.

Ми се допадна спојот на младиот и стариот Берг. Прекрасен спој и приказ на сосема две различни лица на една личност, во различни периоди од животот. Толку различни, а со една заедничка мисла - Хана. Колку повеќе се труди да ја исфрли од неговиот живот, толку повеќе се навраќа на неа. Тоа што во првиот дел се викаше љубов, во вториот дел преминува во превземање одговорност без остварена вина. И кога и двајцата добиваат прилика и можност да ја кажат вистината и да се спасат, ни еден од нив, не го прави тоа. Зошто?
Понижувањето и стравот, индивидуалното и колективното чувство на вина, се само дел од одговорите.
Дали и премолчувањето е невидлива вистина на предавството? Оние кои прикриваат точно знаат за што се работи, а сепак ја премолчуваат вистината. Дали тоа прикривање не ги прави и нив соучесници?

Ликот на Хана, уф ме измачи. Толку разорен и вознемирувачки од една страна, толку силен и моќен од друга страна и толку скршлив и плашлив од трета страна. Дали да се набљудува ликот на Хана како една личност, која само искористува едно младо момче, исполнувајќи му ги сексуалните фантазии. Го условува „или читање или нема секс“. Или пак да ја набљудуваме онаа Хана низ призмата на беспомошноста во секојдневните предизвици на неписменоста. Како еден аналфабет кој само немо ги следи однапред зададените модели и вообичаени рутини. Или онаа Хана која аналфебетизмот го сметаше за безгласност, па собра храброст да научи да чита и пишува, да направи чекор од безгласност кон добивање глас. Или пак да навлеземе во нејзината максимална посветеност, преданост и одговорност во извршувањето на дадените задачи, без да биде воопшто свесна, што всушност таа прави.

Се на се, книга за љубовта, срамот, лагата, вината, заплетканоста и правдата. Еден роман кој ќе се остави без сон и кој ќе ве натера да се запрашате како децата на генерацијата што направила толкави злосторства живеат со последиците од истите. Роман низ кој ќе се движите цело време на работ од црното споено со белото, па нема да знаете дали веќе навлегувате во сивата зона, спојувајќи ги двете животни приказни. Онаа низ очите на Берг и онаа низ очите на Хана.

П.С. „Што направив и што не направив - стана смислата на мојот живот“ - Михаел Берг
 
Член од
29 ноември 2018
Мислења
15
Поени од реакции
44
И јас тивко ви се придружив овој пат. Месецов се врти и филмов на ТВ и си го сфатив како знак дека навистина конечно „Читачот“ треба да биде прочитана. Одамна ја имав и книгата и желбата да ја прочитам, но во друштво секогаш е поинтересно и мотивацијата е поголема. :)

Содржината како содржина не значи ништо вака кога се обидувам да раскажам - a boy meets girl, двајцава се впуштаат во забранета врска сè додека еден ден момчето не сфати дека дошол крајот без никаква помпезна најава. Почетокот на сето она кое понатака следи е токму тука.

Како напредував со читање, така каскадно се менуваа и впечатоците. На почетокот искрено, сè ми беше рамна линија, детињасто, некако кисело ја соџвакав врската меѓу Михаел и Хана. Ми требаше време да ми легне сè. Би рекла, премногу буквално и површно ѝ пристапив на книгава, а можеби и само требало малку повеќе време да се навлезе понатака во содржината, со тоа и малку подобро да се разбере сржта на сето ова.

Растеше ликот на Михаел - момченцето стана и момче и маж. Љубопитното дете стана набљудувач, стана писател. Со самите овие промени ми растеа и импресиите. Ме шмукна книгава, а не се ни освестив додека не ја завршив. Да, од една страна можеби недостигаше уште малку „приказна“, да се допеглаат некои работи можеби (кои?), да се продлабочи уште нешто (а сега се прашувам што?), да се доближи до нас ликот на Хана (зошто?). Но кога ја завршив книгава си се запрашав - па зар имаше потреба од тоа? Зар не беше ова сосем доволно, совршено како по мерка.

Се кажа сè што беше за кажување, нешто дополнително би било премногу развлекување, полнење страници...(дополни низа по желба)

„Зошто се растажувам секогаш кога ќе помислам на минатото? Дали тоа е можеби копнеж по изминатата среќа – а бев среќен во неделите што следеа, работев како луд и ја поминав годината, и се сакавме како да не постои ништо друго на светот. Дали тоа беше свесност за она што подоцна следуваше или само подоцна се обелодни она што веќе постоеше? Зошто? Зошто ни се чини, кога се навраќаме наназад во минатото, дека она што било убаво, е осквернавено од грдата вистина што убавото ја криело?“

Ме уби меланхолијата, тагував заедно со Михаел кога Хана исчезна без збор. Се осеќав ко во ќорсокак. Хана ја нема. И, сега што? Ќе биде ли пак исто, или секој ќе продолжи по својот пат, ќе се заборават, можеби повторно ќе сретнат по години и години и слични внатрешни монолози си водев постојано.
Останав вчудоневидена кога повторно им се вкрстија патиштата во судницата, мислам дека кулминацијата во овој дел навистина умешно направи пресвртница. И јас тука бев како Миахел, немо посматрав, без да можам да си дозволам да ја оправдам Хана, или да ја осудам, копнеев да дознаам нешто повеќе.
Не знам дали на крај би вперила прст кон некој од нив двајца, иако на почетокот ептен жолчно ѝ пристапив на нивната врска. Тоа секако не би имало никаква поента, зашто приказнава е многу повеќе од тоа. И низ тие малку страници, успеала да се проткае историјата на еден народ, можеби и на сиот свет, сагата на созревањето, преиспитувањето на минатото, на чекорите во животот набљудувани од точка на возрасен.

Нема потреба да потенцирам дека ми се допадна книгава и баш ми е драго што се решив да ја прочитам.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Читачот- Бернард Шлинк

Книгата започнува со една несвојствената и неконвенционална љубовна авантура и завршува во еден животен одрон.

Дејството е поделено на три дефинирани делови, три животни фази на Мајкл Берг, нараторот на дејството и две фази на животот на Хана Шмиц. Зошто две? Затоа што првиот дел, првата фаза, и нема некои позначително значење за неа. Можеби тоа е кратка авантура за неа, дознаваме дека често пребегнувала од град во град, држејќи се од комплексноста на работите за кои е потребна писменоста. Мислам дека она нема позначително чувства кон Мајкл, тој е само алатка за сатисфакција, условување секс за читање на одредена книга, дури и на крајот го напушта. Но и, од друга страна, покажува одредена одговорност кон него, бара да биде посветен, бара да има приоритети во животот. Себичноста, проткаена во одговорноста се прелева и на вториот дел на книгата.

Вториот дел е есенцијата на самата книга, Мајкл е веќе студент, и се запознава со судските процеси за одговорните лица за време на војната. Повторно се среќаваме со Хана, овој пат на обвинителната клупа, (и не е обвинета за педофилија) за злосторства во војната кои го привлекуваат интересот на јавноста само поради книгата на една од преживеаните. Народот сака сензационалниот. Жеден е за крв, жеден е морална сатисфакција, иако најголем дел мижеле на сите злосторства на рајот. Но и истите, судиите, обвинителите и адвокатите, сите поранешни нацисти, сега се инкорпорирани во новиот систем и продаваат морал, форсираат своевидна правда и имплементираат право.

Хана се соочува со феноменот правна сигурност, која е основниот постулат на правото инкорпорирана во начелото за забраната за ретроактивното важење на правото. Не може никој да биде обвинет за нешто кое не било противправно во моментот на чинење или нечинење на тоа дејство. Од една страна ја имаме надреденоста и воената дисциплина, каде прекршувањето или непостапувањето по наредбата може да резултира и со стрелање. Од друга страна ја имаме психологијата поткована со лошите надворешни временски услови. За тоа има една интересна студија од универзитетот на Стенфорд, по истата има снимено и филм. Не станува збор за чувари кои поминале низ своевидна обука, туку за најобични доброволци, дел бидат чувари, дел затвореници. За време на студијата, која траела 6 дена, чуварите се задлабочиле во својата нова улога и започнале да применуваат репресивни мерки врз затворениците кои послушно ги извршувале. Поради репресијата, експериментот е прекинат.

Хана била чувар во еден логор, ја теретат за нечинење, за непостапување, кога дел од затворенички на тој логор ги затвораат во една црква, таму избива пожар и никој не сака да ги отвори портите со цел затвребичките да излезат. Само грст затворенички преживуваат, една од нив е писателката на книгата по која се иницира процесот. Но после војната лесно е да ги генерал, тешко е да одлучиш како ќе постапиш во тој даден момент. Излишно е прашањето "Што би направил ти?" кога симпатиите на поротата се кон жртвите, ја губиш наклонетоста на судијата, а веќе останатите обвинети формираат фронт против тебе. Сите патишта те водат кон бездна и на крајот, самиот си ја потпишуваш пресудата, предводена од срамот поради неписменоста. Пресудата ја слуша, достоинствено, облечена во својата СС униформа.

Последниот и најкраткиот дел е најслатката секвенца од животот на Хана. Таа веќе е во затвор и единствената комуникација во надворешниот свет се аудиокнигите кои ги добива од Мајкл, а откако ќе се описмени, започнува и серија размена на кратки писма. Мајкл е веќе татко, со споменот од неговото детство, за врската со Хана длабоко му е врежан во сеќавањето. Истиот има импакт на неговиот живот, за животните видици, па и за сексуалните мечти.

Кога Хана добива помилување, она е веќе старица, иако Мајкл и наоѓа стан и работа, на денот на излегувањето од затвор решава да стави крај на својот живот. Процесот на ресоцијализација е тежок, ама авторот не остава во прашалници околу причините за нејзината смрт. Дури и во својот тестамент таа го изоставува Мајкл односно му дава улога на поштар да ја проследи целата нејзина заштеда кон затвореничката која го преживува пожарот.

Не очекував за напишав волку долга рецензија, со оглед на тоа што оваа книга ми беше доста штура, беше пишувана тесно-широко, иако испрати доста интересни пораки. Сепак, ако авторот се посветил на правниот процес, книгата ќе била тупаџиска, оние кои сакаат да уживаат во романот, истото би им било напорно и досадно. Барем во тој дел има одреден баланс. Од друга страна, авторот, нѐ остава со многу прашалници при тие недоволно дефинирани делови. Можеби дел од магијата изгубив затоа што прво го гледав филмот кој ми остави далеку подобар впечаток. Беше далеку посодржински.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Себичноста, проткаена во одговорноста се прелева и на вториот дел на книгата.
Овде зборуваш само за себичноста на Хана или виде себичност и во однесувањето на Берг? Дали прстот на себичноста можеме да го впериме исклучиво кон Хана или и некои негови постапки ќе ги оцениме како себични?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Дали прстот на себичноста можеме да го впериме исклучиво кон Хана или и некои негови постапки ќе ги оцениме како себични?
Има елементи на себичност кон неговата жена, дел од причините за нивниот развод, но себичноста на Хана е изразена на неколку нивоа.

Прво треба да знаеме дека она е возрасната единка во нивниот однос, во првиот дел, а тој е детето. Она треба да го носи зрелите одлуки, а не да му каже "соблечи се, зарем за тоа си дојден, нели?". Потоа доаѓа условувањето читање со секс, за на крај немо да го напушти, да го остави скршен, во солзи и со прашалници.

Себичноста доаѓа во израз и во последниот дел каде нема сразмерен реципроцитет во нивниот однос. И праќа касети, и наоѓа дом и работа, а таа се решава да си го одземе животот.

Себичноста е изразена и во самиот логор, со затворениците. Нејзината себичност ја засенува неговата. Зборувам за емоционална себичност, сепак таа ги споделува касетите со слепите затвореници.

Една од најмоќните пораки кои сум ги сретнал во книжевниот свет е Always. Нивната иницијална врска има врежано длабоки рани во неговата душа, во неговото битие, но до самиот крај се грижи за неа, дури и пристапува да го изреализира нејзиниот тестамент, нејзината последна волја. Во очите на ќерката, односно една од жените кои го преживеале пожарот, таа е чудовиштето од нејзините ноќни мори. Не може да ѝ прости ниту по нејзината смрт. Тешко соочливи факти за него поради тој Always момент.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Се сложувам во целост за нејзината себичност. И јас го мислам истото. Нејзината себичност беше очигледна.
Ама мене поинтересна ми беше себичноста од негова страна. Нели е себичност да ја знаеш вистината и да ја премолчиш? Доби прилика да ја каже вистината и да го (можеби) промени целиот тек на самото судење, а тој во клучен момент одлучи да молчи.
И таа добива прилика и можност да ја каже вистината и да го промени (можеби) целиот тек на самото судење. И двајцата во клучен момент одлучија да молчат, секој со свои причини - ЗАТОА ШТО.
Со својата постапка Берг правно и морално стана соучесник.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Се сложувам во целост за нејзината себичност. И јас го мислам истото. Нејзината себичност беше очигледна.
Ама мене поинтересна ми беше себичноста од негова страна. Нели е себичност да ја знаеш вистината и да ја премолчиш? Доби прилика да ја каже вистината и да го (можеби) промени целиот тек на самото судење, а тој во клучен момент одлучи да молчи.
И таа добива прилика и можност да ја каже вистината и да го промени (можеби) целиот тек на самото судење. И двајцата во клучен момент одлучија да молчат, секој со свои причини - ЗАТОА ШТО.
Со својата постапка Берг правно и морално стана соучесник.
Берг промолчува затоа што чувстува вина и срам ако се дознае за нивната врска. Плус и тој самиот ја осудува кога ќе дознае дека работела за нацистите, како што младите ги осудувале нивните родители. Родителите на Берг не соработувале со нацистите па тој нема проблем со нив.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Берг промолчува затоа што чувстува вина и срам ако се дознае за нивната врска. Плус и тој самиот ја осудува кога ќе дознае дека работела за нацистите, како што младите ги осудувале нивните родители. Родителите на Берг не соработувале со нацистите па тој нема проблем со нив.
Воопшто не е важно зошто премолчува, важно е дека премолчува. А со самото премолчување станува соучесник. Тој го имаше клучот во своите раце, ама сепак реши да молчи.
Истото се однесува и на Хана.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.009
Книгата не ми е читана , но гледан ми е филмот пред неколку години ( додуша деновиве пак го ѕирнав бидејќи го даваа на тв ) . Прилично добро е направен филмот , а ко шо гледам од коментарите погоре изгледа дека верно е прикажана книгата во самиот филм. Се сложувам со Темнатадама дека Михаел Берг и морално и правно е виновен за пресудата над Хана . Ако не друго , имаше правна обврска да интервенира во судењето и да го каже тоа шо го знаеше за Хана ( дека е неписмена ) . Нели одеа со неговиот професор по право да го гледаат судењето . Што се однесува до Хана , ми се чини дека нејзиното лажно сведочење пред судиите ( за тоа дека дека таа го напишала извештајот ) не е толку заради срамот да не се дознае дека е неписмена , туку заради грижата на совест за пожарот и затоа решава да каже дека извештајот е нејзин ( и поради тоа да ја осудат ) . Шо се однесува до нивната љубовно\сексуална врска не видов ништо лошо во неа па ни во наглото завршување на истата од страна на Хана . Точно е дека врската силно влијаеше на целиот живот на Михаел , но мислам дека тоа влијание не беше негативно .
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Точно. Ама да беше на негово место што би направила? :D
Дали намерно или ненамерно, авторот на генијален начин го има претставено ова, многу е полесно да осудиш некој кога си отстрана и да морализираш ама ситуацијата не е црно-бела, кога би се нашле во ситуацијата на виновникот голема е шансата и ние истото да го направиме истото зашто влијаат многу околности.


Книгата не ми е читана , но гледан ми е филмот пред неколку години ( додуша деновиве пак го ѕирнав бидејќи го даваа на тв ) . Прилично добро е направен филмот , а ко шо гледам од коментарите погоре изгледа дека верно е прикажана книгата во самиот филм. Се сложувам со Темнатадама дека Михаел Берг и морално и правно е виновен за пресудата над Хана . Ако не друго , имаше правна обврска да интервенира во судењето и да го каже тоа шо го знаеше за Хана ( дека е неписмена ) . Нели одеа со неговиот професор по право да го гледаат судењето . Што се однесува до Хана , ми се чини дека нејзиното лажно сведочење пред судиите ( за тоа дека дека таа го напишала извештајот ) не е толку заради срамот да не се дознае дека е неписмена , туку заради грижата на совест за пожарот и затоа решава да каже дека извештајот е нејзин ( и поради тоа да ја осудат ) . Шо се однесува до нивната љубовно\сексуална врска не видов ништо лошо во неа па ни во наглото завршување на истата од страна на Хана . Точно е дека врската силно влијаеше на целиот живот на Михаел , но мислам дека тоа влијание не беше негативно .
Па и јас не гледав ништо лошо во нивната врска на почетокот,( бев као леле "остварување на сонот на секое момче" хаха )
Ама таква врска остава последици низ животот. Особено ненадејното заминување, тоа би го поместило и возрасен човек а не пак дете од 15 години. Постојано ќе се прашуваш зошто? зошто? А нема да добиеш одговор, никогаш. Со тоа ќе почнува и чувството на вина, се обвинуваш самиот себе.
Или го обвинуваш тој што си заминал и живееш со гнев и лутина во себе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom