- Член од
- 17 мај 2016
- Мислења
- 3.678
- Поени од реакции
- 4.156
Си пишал цел текст ама во никаде немаш точно одговорено на моето прашање.Одговорно е да се консолидира на краток рок, за на среден и долг рок да има основа да крева ниво како порано.
И сега Барса продава ТВ права за да преживее, ама не да преживее и да постави долгорочна стратегија за квалитетен поврат и финансиско консолидирање, туку тековно да тера луксуз.
Одговорно однесување на пазарот е баш ангажман на играчи на кои им истекол договорот како Кеси и Кристиансен и продавање на вишоци и играчи со голема плата дури и за нешто пониско обештетување (како со Кутињо). Исто иневстирање во млади таленти и давање на шанса. Плус Барса има една од најдобрите школи на млади играчи, па во вакви ситуации ќе мора да продолжи да промовира во прв тим. Комерцијализирање на се живо и диво што е возможно до граница да не се наруши традицијата.
И одговорно почна Барса да се однесува, до последниов период по некаков можеби притисок не знам од каде. Левандовски и Рафиња во вакви околности се луксуз за Барса. Ако зеде индиректен кредит од 200м, пишав во постот дека и двајцата во пакет (обештетување+провизии+плати) би чинеле повеќе од 50% од тој износ. А тие 10% кои Барса ги продаде сега за 200м евра, за 25 год ќе генерираа ако не и 100% повеќе приходи. Е сега при евентуална криза за брзо време, ќе се стеснува обрачот од можности под кои ќе може да ги покрива финансиите.
Првин нормално е да им бара кратење на платите во ниеден нормален клуб ни Де Јонг ни Дембеле не би земале 20м по сезона. Не само овие, има и други играчи што зимаат многу повеќе од што реално би требало да зимаат.
Кажуваш да се зимаат фри играчи и да се продадат вишокот играчи. Вишокот играчи да ги продадат нема да извадат ни 200м, еве и цел тим да го продадат едвај ќе го покријат долгот од 500м. И што после? Наредни неколку години ќе треба да играат со младинци и да се борат за 8мо место во Ла Лига. Така ќе се намалат пари од ТВ права, нема приходи од ЛШ, ќе паднат како бренд итн.
Ќе треба Лапорта цел мандат од 5 години да го помине со точно 0 трофеи, продаден тим без ѕвезди, без учество во ЛШ за да дојде на позитивна 0.
Океј и што после тие 5 години? Ќе треба нов претседател на клубот и кој гарантира дека следниот претседател нема пак се да упропасти и да испадне џабе стагнирал клубот за да се средат финансиите?
Барселона не е клуб со газда па тој да може да стави од негов инвестициски фонд пари колку што треба, затоа мора да продадат нешто од сопственоста за да генерираат пари во буџетот. На слично нешто што првин ми текнува е првата галактикос ера, Перез продаде стар стадион/комплекс во сопственост на Реал за големи пари (500м) за да покрие долгови и да донесе играчи.
Ова моментално е најдоброто нешто што можеше Лапорта да направи, планираа 25% од ТВ права на 25години, 49% од Barca Studios и 49% oд Barca Licensing and Merchandising. Лапорта кажа дека по се изгледа доволно ќе е само тие 25% од ТВ правата да се продадат за 500м и воедно ќе ги зачуваат Barca Studios и BLM.
Со овој потег ги внесува моментално потребните пари за да правиме трансфери и регистрираме играчи, ќе останат пари за некој трансфер плус летово. Следна сезона ќе се има колку толку конкурентен тим. На краток рок е средено, сега треба да се продолжи да се работи на долг рок со добри трансфери, нормални плати, внесување младинци во тим итн.
Еве пак ќе те прашам, објасни како на најдобар можен начин ќе внесеш 500м во буџет, притоа да имаш конкурентен тим со кој ќе можеш да бидеш топ 3 позиции во лигата, и што подалеку во фазите на Лига Шампиони?