Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
17 мај 2016
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.156
Одговорно е да се консолидира на краток рок, за на среден и долг рок да има основа да крева ниво како порано.

И сега Барса продава ТВ права за да преживее, ама не да преживее и да постави долгорочна стратегија за квалитетен поврат и финансиско консолидирање, туку тековно да тера луксуз.

Одговорно однесување на пазарот е баш ангажман на играчи на кои им истекол договорот како Кеси и Кристиансен и продавање на вишоци и играчи со голема плата дури и за нешто пониско обештетување (како со Кутињо). Исто иневстирање во млади таленти и давање на шанса. Плус Барса има една од најдобрите школи на млади играчи, па во вакви ситуации ќе мора да продолжи да промовира во прв тим. Комерцијализирање на се живо и диво што е возможно до граница да не се наруши традицијата.

И одговорно почна Барса да се однесува, до последниов период по некаков можеби притисок не знам од каде. Левандовски и Рафиња во вакви околности се луксуз за Барса. Ако зеде индиректен кредит од 200м, пишав во постот дека и двајцата во пакет (обештетување+провизии+плати) би чинеле повеќе од 50% од тој износ. А тие 10% кои Барса ги продаде сега за 200м евра, за 25 год ќе генерираа ако не и 100% повеќе приходи. Е сега при евентуална криза за брзо време, ќе се стеснува обрачот од можности под кои ќе може да ги покрива финансиите.
Си пишал цел текст ама во никаде немаш точно одговорено на моето прашање.

Првин нормално е да им бара кратење на платите во ниеден нормален клуб ни Де Јонг ни Дембеле не би земале 20м по сезона. Не само овие, има и други играчи што зимаат многу повеќе од што реално би требало да зимаат.

Кажуваш да се зимаат фри играчи и да се продадат вишокот играчи. Вишокот играчи да ги продадат нема да извадат ни 200м, еве и цел тим да го продадат едвај ќе го покријат долгот од 500м. И што после? Наредни неколку години ќе треба да играат со младинци и да се борат за 8мо место во Ла Лига. Така ќе се намалат пари од ТВ права, нема приходи од ЛШ, ќе паднат како бренд итн.

Ќе треба Лапорта цел мандат од 5 години да го помине со точно 0 трофеи, продаден тим без ѕвезди, без учество во ЛШ за да дојде на позитивна 0.
Океј и што после тие 5 години? Ќе треба нов претседател на клубот и кој гарантира дека следниот претседател нема пак се да упропасти и да испадне џабе стагнирал клубот за да се средат финансиите?

Барселона не е клуб со газда па тој да може да стави од негов инвестициски фонд пари колку што треба, затоа мора да продадат нешто од сопственоста за да генерираат пари во буџетот. На слично нешто што првин ми текнува е првата галактикос ера, Перез продаде стар стадион/комплекс во сопственост на Реал за големи пари (500м) за да покрие долгови и да донесе играчи.

Ова моментално е најдоброто нешто што можеше Лапорта да направи, планираа 25% од ТВ права на 25години, 49% од Barca Studios и 49% oд Barca Licensing and Merchandising. Лапорта кажа дека по се изгледа доволно ќе е само тие 25% од ТВ правата да се продадат за 500м и воедно ќе ги зачуваат Barca Studios и BLM.

Со овој потег ги внесува моментално потребните пари за да правиме трансфери и регистрираме играчи, ќе останат пари за некој трансфер плус летово. Следна сезона ќе се има колку толку конкурентен тим. На краток рок е средено, сега треба да се продолжи да се работи на долг рок со добри трансфери, нормални плати, внесување младинци во тим итн.

Еве пак ќе те прашам, објасни како на најдобар можен начин ќе внесеш 500м во буџет, притоа да имаш конкурентен тим со кој ќе можеш да бидеш топ 3 позиции во лигата, и што подалеку во фазите на Лига Шампиони?
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.331
Поени од реакции
4.242
Вака така собравме 200 милиончиња од свадбите. Лапај си сега трансфери. :)))
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.915
Арапиве му се навртеа на Миланчо...

 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.669
Поени од реакции
59.621
Ова моментално е најдоброто нешто што можеше Лапорта да направи, планираа 25% од ТВ права на 25години, 49% од Barca Studios и 49% oд Barca Licensing and Merchandising.
Голем плус за играчите во Барса е што покрај стандарниот merch со нивните имиња и ликови, по нив ќе бидат именувани и свадбените менија.

Мени Меси (специјалитет на куќата)
Свинско Филе

Мени Гави
Телешка чорба + Прасечко печење

Мени Пјаниќ
Јунешка кременадла + Пилешки стек

Мени Френки Де Јонг
Веганска храна

Мени Бускец
Риба

Мени Тер Штеген
Полнето пилешко + полнети тиквички

Мени Траоре
Бут со маслиново масло

Мени Дембеле
Ова е она мени што ќе го платиш скапо, а нема што многу да изедат гостите

Мени Суарез (моментално не е во понуда)
Врат, плешка и копан
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.369
Поени од реакции
7.139
Барселона е пред банкрот, готово, се распаѓа клубот, нема за плати, не може да се регистрираат играчи, стадионот за свадби, колапс.
Продаваат дел од ТВ правата - оп, готово. Се решија сите проблеми. Левандовски, Кунде, Рафиња, останува Де Јонг, не мора да го продаваат, цветаат рози.

Не ми е јасно, а верувам дека и на многумина исто не им е јасно.
Но, едно е сигурно. Пропагандната машинерија од каталонските медиуни е пеколна. Никој не работи во функција на клубот како нив. Влијанието што го имаат е огромно.
на некои не им е јасно дека најбогатата покраина во Шпанија - Каталонија стои зад ФК Барселона и дека нема нерешлив проблем во светот на спортот кај нив.............посебно не им е јасно на прости северџани што значи Каталонија и Барселона за тамошното население,исто ко шо не знај за шо постои прост северџан
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.012
Поени од реакции
10.366
на некои не им е јасно дека најбогатата покраина во Шпанија - Каталонија стои зад ФК Барселона и дека нема нерешлив проблем во светот на спортот кај нив.............посебно не им е јасно на прости северџани што значи Каталонија и Барселона за тамошното население,исто ко шо не знај за шо постои прост северџан
Да речеме дека си во право, зошто тогаш е Барса во 1 миљарда долг? :D
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.369
Поени од реакции
7.139
Да речеме дека си во право, зошто тогаш е Барса во 1 миљарда долг? :D
оти им се можи...... и 25 милијарди да е долгот нема да згасне благодарејки на пред Се на огромната фан база низ цел свет и репутацијата стекната досега во светот на спортот
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.915
на некои не им е јасно дека најбогатата покраина во Шпанија - Каталонија стои зад ФК Барселона и дека нема нерешлив проблем во светот на спортот кај нив.............посебно не им е јасно на прости северџани што значи Каталонија и Барселона за тамошното население,исто ко шо не знај за шо постои прост северџан
Yet, симболот на Барселона заврши во ПСЖ, откако го донесоа клубот до такво дереџе да немаат плата да му дадат.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.369
Поени од реакции
7.139
Yet, симболот на Барселона заврши во ПСЖ, откако го донесоа клубот до такво дереџе да немаат плата да му дадат.
ако е во ред според тебе плати и примања по 50 милиони евра и нагоре пошто играл фудбал - во ред
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
ако е во ред според тебе плати и примања по 50 милиони евра и нагоре пошто играл фудбал - во ред
Ама чекај сеа Барселона и Каталонија е тоа. Нема зима за нив што се 50 милиони плата за икона на клубот. Ете викаш долг од 25 милијарди немало да е проблем, ама проблем било 50 милиони плата за најдобриот? Хмммм
 

Kajgana Shop

На врв Bottom