Да ама веќе во мај се виде дека времето работи против нив не за нив, и колку војска ќе загубат е многу важно. Секој мртов Украинец на фронт е еден помалку Украинец кој после е можен извор на проблеми во заземените региони од Русија. Загубите им се катастрофални и како квалитетот на трупите на фронтот ќе се влошува така и загубите ќе се зголемуваат. Едноставно како поминува времето заради искуство руската артилерија ќе биде се попрецизна, а украинското месо се по наивно. Со тоа што 6+ милиони Украинци веќе си имаат отидено од државата официјално, Уште некој 4-5 милиони во деловите под Русија и со по 1000+ жртви на ден, што ќе остане од Украина ако војната продолжи во зимата.Украина игра на време, не е битно колку војска ќе загубат се додека Русите имаат загуби и се надеваат на вмешување на НАТО или Русите да под притисок од внатре и да се изморат од војната и да се повлечат.
А зимата кога ќе дојде како планираат да се греат и да се хранат. Да не мислат дека Европа и САД ќе хранат 20+ милиони Украинци преку целата зима.
Ако војната се продолжи до следната пролет и тогаш се потпише некакво примирје, капитулација што воопшто ќе остане од Украина. Сите жени на запад, најголем дел од мажите во гроб или инвалиди, и сите економски најважни региони изгубени и најверојатно и пристап до море. Ова ќе се претвори во такво национално самоубиство, што тоа што им го направиле на Унгарија, Турција и Русија после прва светска војна ќе изгледа како добар договор.