Да се има работна сила во фабриките наречени „држави“?
Инаку за темава: жените ако им забранат абортус нека абортираат незаоконски, ќе ги полниме затворите со жени кои абортирале.
Да ги убиваме да донесеме закони, да ги мачиме... тие ќе убиваат деца... на колец! Таа нам ќе ни го убива наследството!
Вака размислуваме?
Мажи, дишете.
Жената ако нема саглам партнер/маж треба да го има апсолутното право да може да избере абортус и државата не може да се меша во тоа.
Реално ако сака да абортира, ќе абортира. Така било, така е, така ќе биде... што е оваа врева? Ќе ја сопрете жената да не абротира? Како?
Со закон?
Државата всушност премногу се меша во нашите животи.
Треба што помалку луѓе кои заради религии се запнати со „традиција“ и „огниште“ и „нација“ да бидат во судови и законодавни тела и аргументите да ги темелат на база на морал и етика.
Учете деца, за да може да имаме слобода и да не дозволуваме секакви будали да носат закони „за наше добро“.
Не зборуваме за морал и етика, туку за принципот на хиерархија и принципот на правичност. Ако едно право не е уредено со Уставот на САД, тоа прашање е предмет на уредување на самите држави, како што е абортусот. Кога се враќа тоа право кон државите, се проверува дали подлежи на уставна заштита на самата федерална држава (секоја држава си има свој устав), ако не, може да биде ограничуван, па дури и забранет. Забраната не е апсолутна, има исклучоци и секако дека можеш да отидеш во друга федерална држава и да извршиш абортус.
Другиот интересен феномен е во тоа што во оние држави, каде веќе се забрани абортусот, немаше протести. Зошто? Затоа што и онака имаше само една (до две) клиника во целата федерална држава. Во принцип, тоа се рурални држави. Протести има во сините држави, со исклучок на Аризона, каде оваа одлука нема да им промени апсолутно ништо. Притоа протестираат демократите, кои до вчера ја форсираа идејата за присилна вакцинација, па и идејата дека и еден маж може да остане труден! Истите имплементираа антицивилизациски карантини, чија цел ја плаќаме и ден-денес. И истите сакаат да им го земат оружјето на луѓето.
Оваа одлука долго се чекаше. Претседател по претседател потфрлуваа по ова прашање. За среќа, Реган, номинираше и остави интелектуална машинерија наречена Скалија, која ги оформи Федералистите, чија цел беше и корекција на погрешните пресуди, како Роу. Оваа промена беше нужна и маркантна.
Последно, никој не ги критикува оние држави во кои нема временско ограничување на абортусот!
И да, и кај нас, противправното прекинување на бременоста е кривично дело. Нашиот закон го дозволува абортусот до 22 гестациска недела, а претходното законско решение беше на 12-тата гестациска недела! Истото мора повторно да стапи на сила. Стариот закон никому не му пречеше. Другите поволности од новиот закон нека останат. Тука се моите забелешки. Дури и европските ограничувања, во Франција, Германија, Италија или Шпанија се до 14 односно 15-тата недела. Таа граница, до првиот триместар е добро компромисно решение. Отсуството од интерес за компромиси (законот на Тексас, Мисисипи и Охајо) доведоа до потенцијална забрана во 26, а за некоја година може и во 30+ федерални држави во САД.
Се сложувам, државната интервенција треба да е сведена на минимум, но и државата треба да ги штити и гарантира уставно загарантираните права, а едно од нив, кое е најелементарно, е правото на живот.