Бројкава од ракав ја истресе ли?
Точно се знае какви видови на контрацепција постојат, природни, механички, хормонски, хируршки, на прсти се бројат.
Точно се знае кој вид на заштита од несакана бременост е 100% сигурна.
Контрацепција е друга тема, нема тука да пишувам, изгуглајте, прочитајте...јас ги имам употребено сите методи, освен хируршката, за разлика од вас мажите, кои освен кондом, ништо не сте пробале друго.
Поентата ми е што вие цело време го жалите тој нероден плод, а воопшто не се осврнувате на жената како личност, не размислувате за нејзиното физичко и психичко здравје...се однесувате ко да е абортусот пљукни залепи и дека жените окезени идат така лесно на таа опасна по здравје хурур.интервенција.
Чудно..ни грам сожалување.
Каде е одговорноста на машкото?
Секоја девојка, секој месец, ако имала сексуални односи, од памет се вади само ако два дена и касни мензис.
Одите на Фемина и ке прочитате колку девојките се плашат од таа несакана бременост, додека вие машките на раат си спиете.
Секоја жена треба да има право да се определи дали ќе раѓа или не, без оглед на кој начин настанала бременоста, посакувана или не.
Секоја жена треба да одлучи дали е спремна да биде мајка, дали го посакува тоа дете или не...откако ќе се породи, касно е веќе.