H
Harry Callahan
Гостин
Гледај во врска со снимањата во еден ден се снимаат 4 емисии за 4 дена , снимањата почнуваа или во 16 часот или 16:30 часот попладне се секогаш снимањата , нормално кога ќе ни се јавеа на нас играчите да дојдеме тој и тој ден во 16 часот на снимања тогаш водителката ќе дојдеше пола саат подоцна исто кога ќе ни јавеа да дојдеме тој и тој ден во 16:30 пак водителката ќе дојдеше пола саат подоцна , плус и играчите што се од Скопје дел од нив знаеја да доцнат со доаѓање на време и секогаш се доцнеше по пола саат најмалку со снимање а некогаш и со 45 минути се доцнеше кога некој играч ќе немаше точно тројца за во публика се доцнеше бидејќи се чекаше секој да има тројца за во публика . Еднаш место во 16 часот со снимање на прва емисија се почна дури во 17:20 часот поради чекање да се најде публика , во студиото има точно 66 столчиња за публика и треба да се пополнат околу 60 столчиња за народот кога ќе гледа на телевизија да има слика дека има голем интерес за квизот . Многу им е тоа напорно што секогаш мора тројца за во публика да се носат , и дури попрво им погледнуваа низ прсти на играчи од Скопје што немаа точно тројца за во публика отколку што на некој што не е од Скопје кога ќе немаше тројца за во публика . Не е лесно ниту на играчите од Скопје да обезбедат тројца но не е лесно ниту за оние што не се од Скопје да донесат тројца во публика , ова за обврска да се носат тројца во публика не знам ни дали беше обврска за играчите во Земи или остави во Србија , Хрватска и Бугарија бидејќи кога ги гледав тие емисии натпреварувачите не претставуваа своја публика , реално овие ликови што го прават квизот треба сами да си најдат публика . 4 емисии се снимаат просечно од 16 до 22:30 часот тоа се 7 и пол сааати и не сака секој пријател да потроши толку време . Дури еден мој пријател кога јас снимав пријателот беше во САД и ме праша на публиката што ние постојано ја носиме дали овие од квизот им даваат нешто за пиење или јадење заради толку време цел работен ден што седат во студио јас го прашав нормален ли си овие од квизот ништо не даваат . Често имаше 3 дена во серија снимања пример Среда , Четврток и Петок се снима секој ден 4 емисии и за 3 дена се снимаат вкупно 12 емисии и потоа Лила ќе оди некаде или на прошетка во странство или на промоција на производи козметички во разни градови во Македонија и потоа се правеше пауза меѓу снимања од 2 недели , па после 2 недели пак се снимаше неколку дена едноподруго секој ден по 4 емисии . Но секој играч треба да помине во квизот околу 22 емисии некогаш ќе се погоди некој да игра со 20 емисии некој со 16 емисии а некој пак може да игра таму дури откако ќе сними 25 емисии има исклучоци . Значи најмалку 5 пати по 4 емисии од едно одење треба да се снимат и потоа да се игра , најчесто од 6 одење играчот го извлекуваат да игра . 6 одења од провинција до Скопје не е баш ефтин патот за бензин , убаво во Петокот жената на играчот од Прилеп кажа дека за пат потрошиле 15 000 а земаа 5 000 . Од 5 работни дена во една седмица секогаш се снимаше во повеќе работни денови и потоа следеше пауза од снимања од 2 недели горе долу . Ако имаш фејсбук можеш да видиш пример Лила првите недела дена од оваа година беше во Мајами , Бахами и разни острови и држави од Карибите нормално претходно имале снимено емисии за повеќе од пола Јануари .Верувај дека на многу скопјани им смета што мнозинството играчи се од Скопје. Лила повеќе и не треба да ги прашува луѓето од каде се.
Можеби една од причините е тоа што патот не им е платен, па кај луѓето од внатрешноста веднаш им се јавува одбивност. Не знам дали снимаат еднаш неделно или повеќе пати, но да речеме дека снимаат еднаш неделно, тоа значи дека секој напреварувач кој е од внатрешноста во Скопје треба да дојде во просек 5 пати, а со себе задолжително да донесе придружба од тројца. Не верувам дека придружбата сама си го плаќа превозот. Значи, за да езлезе есапот најевтино натпреварувачот со придружбата треба да си дојде со сопствена кола!
Што се однесува до Хрватска и нивниот “Земи или Остави“, во Загреб и околината живеат над 25% од вкупното население, но сепак од 21 натпреварувач, само двајца беа од Загреб, односно еден од градот друг од околината градот. Сите региони беа подеднакви без разлика на големината.
Кај нив мислам дека телевизијата плаќа, не сум ги читал правилата, но баш оваа недела Тарик во “Потера“ индирекно кажа дека превозот е платен. Рече нешто како: Што е важно од каде доаѓаш, превозот ти е платен.
Тие 40% за скопјани ти се многу. 30% се доволни, значи 6 или 7 натпреварувачи, а за другите натпреварувачи мора да се направи некаква поделба. Македонија не е поделена на 22 региони, но има решение. Пример: сега меѓу 22 - цата има еден охриѓанец. Кога ќе му помине редот на негово место ќе дојде стружанец. А кога на стружанецот ќе му помине редот, повторно ќе дојде охриѓанец.
Добар ти е предлогот за градовите , пример исто еднаш да игра некој од Делчево , па после на негово место некој од Берово , па после некој од Пехчево и слично ова се мали гратчиња но сепак и тие имаат право да играат . Не , нека имаат од Скопје 10 играчи а остатокот од Македонија нека има 12 играчи ова е за мене во ред , но тие 12 играчи да бидат навистина луѓе што живеат и работат постојано во градови од внатрешноста , а не ликови што само се родени во внатрешноста а живеат постојано и работат во Скопје и во Скопје им се родиле деца ова за мене не се луѓе што живеат во градови од внатрешноста туку се луѓе од Скопје . Интересен и на мене ми е квизот Потера на ХРТ на овие луѓе што доаѓаат од Дубровник на нив им плаќаат дури и ако дојдат со хеликоптер бидејќи е далеку . А замисли за тој квиз максимум два пати треба да се оди во Загреб еднаш на кастинг и еднаш да се сними емисијата , а за Се или нешто во Скопје еднаш треба да се оди на кастинг и најчесто 6 пати да се снимаат емисии . Некој си заштедува добри пари што не плаќа превоз на играчи што не се од Скопје кај нас очигледно .