Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.047
Поени од реакции
1.176
Миленкович и Бремер да дојдат без да заминат Бастони или Шкриниар е тешко изводливо.
Исто и за Дибала + Лукаку а да остане Лаутаро. Џеко и Кореа да заминат ама кој ќе ги земе.

Ако тоа се случи, нека ни ја дадат титулата одсега, нема што да се игра сезоната
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Коренот да му го изнаебам уште еднаш шо дозволија Милан да освои титула и сега да си се ладат..да му го изладам јас нив на жените нивни за нервозите шо ни ги натоварија....
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.190
Поени од реакции
10.206
Добар ли е овој Лукаку што ќе сме го носеле место Џеко сезонава?
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.527
Поени од реакции
7.004
Да не ви стои дебел малце? Оти може од црното да не се познава.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Нема гајле тоа глупаво гомно.

Работата е што Миланче ќе си иде а тоа ме носи у депресија и тешка меланхолија, така да моментално Адриано на 23 години со чиста глава да се врати у клубов не би ме израдувало.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.952
Поени од реакции
23.806
Мене некои работи ми се нејасни.
Би го продале Агуме за да го донесеме Аслани?
Толку е подобар Аслани што туку-така се ослободуваме од Агуме?
Мислам не ми смета Аслани да дојде, ама не гледам логика во продавање на еден играч за да дојде друг на иста возраст па и квалитет. Не дека секој викенд го гледав Агуме ама па и тоа што го гледав од Аслани не е дека го купуваме идниот Барела. А и башка мене оној Бајрами од Емполи ми делуваше многу подобар индивидуално ама мислам дека он игра повеќе како AMC а таму веќе се одлучија за Мхтаријан. За Максим Лопез го отеков веќе и не ми се збори, очигледно дека Сасуоло нема да го продадат додека не стигне топ понуда за него.

Од друга страна, не знам дали имам пишано тука на форумов (ме мрзи да вртам страни наназад) ама мислам дека Лукаку нема да биде ниту близу од тоа што беше во сезоната кога бевме шампиони. Притисокот врз него и очекувањата ќе се многу поголеми, а некако и побрзи сме во напад со Инзаги отколку со Конте па така мислам дека комбинацијата Лаутаро+Дибала+Кореа е одлична за нас а и гледам по социјални мрежи и приватно добро стојат овие играчи па хемијата би била многу поголема. Доаѓањето на Лукаку може само да го растури ова со оглед на тоа дека ќе е тешко да се одлучи Инзаги за кој да игра во случај на 3-5-2 а ниту еден од овие не би му годело да биде вечна замена.

@Syn
Имаше вчера пост во Фудбалски трансфер дискусии околу тоа дека Инзаги нема оправдување за топ 4 и дека ќе има сигурно подобар тим (или нешто слично имаше пишано ама поентата беше таа) ама не се сложувам дека тоа ќе е така доколку ги потпишеме Дибала+Лукаку на сметка на Шкриниар+Думфриз или па само Шкриниар. Бремер е одлична замена за ДеФрај но не и за Шкриниар. Џабе и Меси во напад ако позади останеме без него. Се виде колку е битен Шкриниар сезонава и мислам дека е спремен да биде капитен.
Инаку, се сложувам дека е време и за промена на формација доколку ги потпишеме Лукаку и Дибала.
Го гледав и Димарко против Англија и делуваше доста солиден на позиција левбек што значи дека покрај Госенс би го имале него за таа позиција, а десно би биле Дармијан и Думфриз. Единствено продажба на Дефрај и носење на некоја патарушка за од клупа во формација со 4 одбранбени (2 централни) би биле сосема солидни и не би потрошиле средства.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.190
Поени од реакции
10.206
Мене некои работи ми се нејасни.
Би го продале Агуме за да го донесеме Аслани?
Толку е подобар Аслани што туку-така се ослободуваме од Агуме?
Мислам не ми смета Аслани да дојде, ама не гледам логика во продавање на еден играч за да дојде друг на иста возраст па и квалитет. Не дека секој викенд го гледав Агуме ама па и тоа што го гледав од Аслани не е дека го купуваме идниот Барела.
Би рекол дека поентата позади продавањето на Агуме и мењање со Аслани е за да се оствари чист профит од Агуме, кај што нели бркаме 60М, а да се замени со Аслани за релативно мала сума.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Нема многу да се најадеме леб од Лаутаро Лукаку Дибала ако го продадеме Шкринијар, посебно ако Де Фрај ни достави уште една сезона како оваа. Сме имале и порано атомска навала, без коска одбрана џабе е. И со овој напад што го имавме годинава, таков никаков, пак дадовме убедливо најмногу голови во лигата ама не ја освоивме. А да примевме само неколку гола помалку ќе ја освоевме лесно.

За мене приоритет е одбраната да е коска, а напред двајца од Лукаку-Лаутаро или Дибала-Лаутаро, со Џеко на клупа, ќе бидат доволно.

Сите сакаме да видиме тројца одлични напаѓачи напред, кога не би се растурало ништо, но тој филм нема да го видиме така да најдобро е да не летаат многу.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.952
Поени од реакции
23.806
Би рекол дека поентата позади продавањето на Агуме и мењање со Аслани е за да се оствари чист профит од Агуме, кај што нели бркаме 60М, а да се замени со Аслани за релативно мала сума.
Па јас колку што пратам се споменува некоја сума од околу 15 милиони за Аслани.
Ако ова е точно, зарем ќе успеат да го продадат Агуме за повеќе од ова без некоја формула со бонуси и десетгодишна позајмица?
А и да го продадеме за повеќе, значи дека продаваме играч со поголема вредност и тоа за нешто ситно (профит од неколку милиони) си ја ебаваме можност да имаме играч од средниот ред од својата академија за наредни 10 сезони.
Не знам, мене не ми има никаква логика. Работава ми е некако стани Трајко за да седне Петко или како и да беше поговоркана.
Или еве, да речеме Аслани на позајмица со откуп кој би се остварил наредна сезона, ама па имаме неколку такви играчи што значи дека кога ќе се собере, за сезона-две ќе мораме да продаваме некоја ѕвезда за многу пари само за да ги отплатиме овие патарушки кои сме ги донеле на позајмица со задолжен откуп во наредна сезона или отплаќање на 600 рати. Ова е се краткорочно решение и ваквите потези не ми се свиѓаат воопшто.
Агуме мислам дека е спремен за прв тим како замена и купувањето на Аслани во моментов е непотребно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.855
Поени од реакции
116.067
А па Агуме еден играч што е абе што да ти расправам. Жнее Бепе, понудил бесрамни 5м за позајмица на Лукаку. Сонува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom