Имот и стан секогаш е добра инвестиција, било и ќе биде. Поготово во Скопје. Да размислувале моите дедовци поинаку сега ќе сум немал таков "луксуз" ако ајде може така да се нарече, но сепак луксуз за наши услови.
Така да ако некој има одповеќе пари моментално, поради било која причина. Да уложи во недвижнини, во имот ќе му биде една од најдобрите ствари што ги направил и за себе, и за генерации после него.
Искрен и реален муабет.
Ок, од друга гледна точка за оние кои немаат, а сакаат да купат стан, и овој тренд само ги зголемува цените на становите, е жално.
Но тоа е насекаде така. И за сите останати сегменти од економијата.
Но, поентата ми е дека, една од најдобрите долгорочни инвестиции, за себе и генерации после тебе. Значи напоменувам ако во моментот имаш одвишок пари, кои не ги планираш за нешто друго понеопходно, е инвестиција во стан, имот, плац, викендичка, нива, што и да е имотно и недвижнина. Тоа останува и најважно од се, зголемува вредност од ден за ден.
И да зјаат празни моментално становите, ќе имаат од нив корист газдите загарантиран. Дали за нив или за нивните деца.