ultras1988
4600
- Член од
- 6 февруари 2014
- Мислења
- 3.031
- Поени од реакции
- 7.146
Струмица како спортски град ги преживеа своите најлоши години и допрва ќе видиме што како понатаму, одбојката е спорт кој не знам како и се споменува, аматерско првенство со само еден професионален активен клуб, се игра само во еден град на ниво на држава, да се собереме групата да тренираме редовно ќе сме топ 3 во спортот, бев на натпревари повеќе време ми е потребно да се исцимам да дојдам до сала отколку што трае натпреварот, бонус Ајдуци по враќање од гостувањето во Прилеп бевме присутни на последниот натпревар на кој се славеше титулата да подигнеме атмосфера иако бевме мртви уморни, направивме убава атмосфера за крајот на натпреварот кој по нашиот влез во средина на втор сет траеше неверојатни 20 минути со прекините редовни,толку за спортот.Тука единствено ја имаме Струмица, каде што знаеме каква е бројката на Ајдуци - мизерија, а градот има и шампион во одбојка, како и повратник во прва лига кошарка.
Кошарката цела сезона беа на дното, завршија 7/10 и само со новото правило на плејоф за кое не знаев ни дека постои успеавме да се вратиме во прва лига, натпреварите ги играа во школска сала освен последниот бараж кој се поклопи со најважниот натпревар на Беласица во ист термин, составот на играчи деца под 18 години и догодина ако направиме добар тим кошарката допрва може да завлече народ, кошарката секогаш е популарна во Струмица, само да има добар тим кој носи жар не е потребно да има високи амбиции.
За групата допрва треба да се работи за да се зборува, само што се вративме , направивме доста добри работи внатрешно, се случија доста позитивни промени, периодот беше краток и изработен коректно од наша страна, најважно се работи на долги стази и се поставуваат здрави темели па тоа допрва ќе биде покажено со дела и резултати на сцената, што се однесува до бројката да таа е во моментот мизерија но многу подобро да имаме чиста трибина која не варира на број од натпревар во натпревар и во кој секој знае зошто е таму, а и екипата е бетон за нашава тифосцена, други групи со години работат константно па немат прилика да се пофалат со таква квалитетна екипа на трибина.