Кубанкава од Шпанија ми е топ!! Права Џеј-Ло!
И Молдавија ми е топ со Круме Спасовски на хармоника.
haha i kogo ke kaznat radi blamot na Andrea, nekoj nareden sto bi se prijavil na evrovizija? sto bi dobile so bojkotot na toj festival? tie 150 000€ vas ke vi gi dadat? ili ke si gi napika nekoe direktorce vdzep?
aren si e festivalot, kakov e takov e, lanskata godina posle podolg period imase salam pesni.
ali radi gluposta na andrea cisto perenje mozok bese izjava na mrt kao ete ke razmislime za idna godina. I sto kur ako ne ideme dogodina? trebase andrea da se kazni, a ne naseto ucestvo na evrosong.
Па можат тие средства да одат за утакмици, поготово кога игра репрезентацијата во фудбал, ракомет, одбојка, кошарка. Барем таму се знае ако си подобар победуваш, нема да чекаш некој токмак од Шведска, Холандија или Португалија да гласаат за тебе. Можат да одат за најновите документарни емисии во областа на науката пример.
Евровизија не е тоа што беше за нас и не зборам за тој како се облекувал или што е (тоа е сосема небитно), туку повеќе изгледа како една клик-група во кои едни се фаворизирани, а други се треторазреден материјал. Во тие треторазредни сме ние, Црна Гора, Белорусија, Сан Марино, да речеме Хрватска и Летонија. Другите некои што се, си имаат активна дијаспора и си проаѓаат. Малта и Азербејџан на пример го поткупуваат жирито речиси секоја година. Доволно е да се отвори статистика да се провери.
Шведска е стално протежирана до максимум секоја година, како и другите нордиски земји. Италија, Холандија и Франција исто спаѓаат тука. Швеѓанкава ќе видиш како жирито годинава ќе и изнададе поени, а пее мислиш запек има и ќе и 'рсне тоа гласот во секој момент. Има држави кои добиваат големи привилегии и тие привилегии ги добиваат и при ждребот - уствари не е ждреб, туку си одредуваат продуцентите со некои нивни луѓе кој под кој број ќе пее и со тоа автоматски се фаворизираат некои, а другите се оставаат на цедило. Нашите стално добиваат кур во раце.
Од 2004-2007 стално влегувавме во финале и беше систем од едно полуфинале. Системот го сменија најмногу поради нас и го направија да има две полуфиналиња, а потоа додао и жири. Во едно интервју во Хелсинки дури Каролина се спремаше за настап, го прашаа тогашниот шеф на ЕБУ, кој мислам беше од нордиските земји, што мисли за Македонија на Евровизија. Тој цинично одговори - па вие стално влагате во финале, дали заслужено или не не знам, некои земји не го можат тоа. И таа нашата новинарка остана така со подзината уста, изгледа мислеше он ќе ја пофали Каролина или дека му е задоволство да ги слуша нашите песни - кои барем тогаш беа сосема супер за на Евровизија.
Не сме дел од тоа одбрано друштво, така да не гледам поента зошто да се оди. Ако веќе решиле да одат, нека праќаат искусни пејачи или пак да се оди со нешто етно или народно, чисто колку дијаспорава да се развесели и да земе некој поен плус. И Калиопи растури со Црно и Бело и реално требаше да победи таа година, ама гласовите дојдоа од екс-ју и од земјите кај што има дијаспора. А таму кај што имаше дијаспора, жирито не даваше поени.
Нека види МРТ дали им се исплаќа да трошат пари во игра во која немаат никакви предности и те сметаат за вишок.