Џ
Џонтра Волта
Гостин
The Class (2007)
Klass
Средношколци, ова го има сегде во сите генерации. Еден главен курназ, цел клас покрај него поданици, еден дежурен кривец врз кој сите се изживуваат. Секако од таа толпа нормално дека ќе се издвои некој што ќе застане на страната на овој што јаде ќутек и понижување.
И така наместо еден, сега класот има двајца противници врз кои се изживуваат без некоја особена причина.
Ова е делумно вистинска приказна каде режисерот се послужил од некоја приказна во Америка, но и во соработка со естонски ученици кои раскажувале за нивни дешавки, склопил филм, чиј крај е доста вознемирувачки и носи една многу добра и силна порака.
Ова ко што кажав го има низ сите школи и секој од нас бил сведок на вакви дешавања. Тогаш, со тој детски памет секако не сме биле свесни што праиме и какви би биле последиците. Најчесто коа ќе пораснеме и ќе се оформиме ко луѓе, сфаќаме дека таквите постапки биле многу глупи и крајно неинтересни за останатите кои тоа го посматрале, најчесто девојчињата. Нели фраер си ако му удриш клоца на мирниот ученик, пред девојката што ти се свиѓа. Или ако му ја скинеш тетратката и слично.
Добар филм, не трае многу и брзо се гледа. Јас цело време бев напнат и нервозен, ми идеше да им влезам преку телевизор да ги рашутирам педерчињата. Би му дал 8ца, ама знам дека со тек на време ќе падне а и реално не е за 8. Не е па ни за 7.
Добра 7.5ка на крај.
За тие што до сега немаат гледано ниеден естонски филм, препорака за Tangerines, најдобриот нивни филм.